klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Ѓорѓиева: Градежништвото бележи значителен раст од 7,25%, а странските директни инвестиции се зголемени речиси за 47% во однос на истиот период минатата година

Ѓорѓиева: Градежништвото бележи значителен раст од 7,25%, а странските директни инвестиции се зголемени речиси за 47%  во однос на истиот период минатата година
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·04. 07. 2026. 13:39:24

Весна Ѓорѓиева пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и Буџет истакна дека со предложениот ребаланс вкупните приходи се зголемуваат од 374 милијарди денари на 379,5 милијарди денари, а тоа е зголемување од 4 милијарди 575 милиони денари. „Особено сакам да нагласам дека ребалансот не значи откажување од развојната политика. Напротив, со предложениот ребаланс вкупните приходи се зголемуваат од 374 милијарди денари на 379,5 милијарди денари, а тоа е зголемување од 4 милијарди 575 милиони денари. Во првиот квартал од 2026 година, според Државниот завод за статистика, бруто домашниот производ забележа раст од 3,1% и што докажува дека домашната економија успешно се приспособува на сите предизвици што ги донесе најголемата светска криза. Индустриското производство покажува закрепнување“ кажа Ѓорѓиева и додаде: „Градежништвото бележи значителен раст од 7,25%, а странските директни инвестиции се зголемени речиси за 47% во однос на истиот период минатата година. Тоа покажува дека економските основи остануваат стабилни и покрај надворешните ризици. Сакам да нагласам дека во првата половина од годината капиталните расходи достигнаа 19,4 милијарди денари, што претставува раст од 53,5% во однос на истиот период минатата година. Тоа значи повеќе средства за локална инфраструктура, патишта, железници, водоводи, канализација, училишта, градинки, болници и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti