klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат и се резултат на редовната економска активност

Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат и се резултат на редовната економска активност
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·06. 07. 2026. 08:24:45

Во првата половина од годината, односно во периодот јануари-јуни, вкупните приходи во Буџетот се реализирани во износ од 170 (поточно 169,9 па ги заокружив) милијарди денари што е раст за 8,6% во споредба со истиот период од претходната година и има реализација на планот од над 45%. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето на ребалансот на Буџетот за 2026 година во комисиската расправа во Собранието оцени дека јавните финансии се стабилни, приходната страна се реализира согласно очекувањата, а расходите се насочени кон исполнување на законските обврски и реализација на приоритетните развојни политики. „Особено е значајно што најголемиот дел од приходите доаѓаат од редовната економска активност. Даночните приходи достигнаа 96,7 милијарди денари, при што приходите од данокот на додадена вредност изнесуваат 43,3 милијарди денари и учествуваат со околу 44,7% во вкупните даночни приходи. Приходите од данок на личен доход достигнаа 17,5 милијарди денари, приходите од данокот на добивка 13,8 милијарди денари, а по основ на акцизи се реализирани 13,9 милијарди денари“, наведе министерката. Податоците покажуваат раст на приходите од данокот на личен доход за 11,7%, данокот на добивка за 14,5%, данокот на додадена вредност 16,4% и раст од 8,3% кај увозните давачки бележат раст. Според министерката ова е директна потврда…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti