klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Ѓоко Велковски нов министер за социјална политика, демографија и млади

Ѓоко Велковски нов министер за социјална политика, демографија и млади
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·13. 07. 2026. 21:02:21

Досегашниот заменик-министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски е избран на раководната позиција во Министерството за социјална политика, демографија и млади, на 112. собраниската седница, посветена на реконструкцијата на Владата, предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Велковски, кој е од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа на местото на досегашниот министер Фатмир Лимани, кој претходно беше разрешен од позицијата. Тој во периодот од јули 2024 до јули оваа година беше заменик-министер во Министерството за социјална политика, демографија и млади. Во периодот мај - јули 2024 бил раководител на Сектор за поддршка на градоначалник и јавни дејности во Општина Гази Баба, а во периодот јануари 2024 - мaj 2024 беше министер за труд и социјална политика во техничката влада. Претходно, од феврари 2023 до јануари 2024 бил раководител на Сектор за поддршка на градоначалник и јавни дејности во Општина Гази Баба, од демеври 2021 до февруари 2023 бил секретар на Град Скопје, од јануари 2020 до февруари бил кабинетски службеник во областа на трудовото право и правата од Законот за работни односи во МТСП, од септември 2016 до декември 2016 бил посебен советник за прашања поврзани со хумана популациона политика во кабинет на дополнителен заменик министер за труд и социјална политика…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti