klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

ФОТО: Одржана показна вежба за постапување при пожар во Дом за стари лица во oпштина Ѓорче Петров

ФОТО: Одржана показна вежба за постапување при пожар во Дом за стари лица во oпштина Ѓорче Петров
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·20. 10. 2026. 10:46:59

Показна вежба за постапување при пожар во Дом за стари лица во Општина Ѓорче Петров се одржа денеска, а по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи под мотото „Отпорноста започнува дома“. Институциите преку вежбата ја покажаа подготвеноста на службите, меѓусебната координација и постапките за безбедна евакуација на повозрасните лица. -Во итни ситуации секоја секунда е важна. За нашите повозрасни сограѓани, особено за оние со ограничена подвижност и здравствени тешкотии, навремената помош и добро подготвените служби можат да бидат пресудни. Затоа, превенцијата и практичната подготовка мора да бидат постојана обврска, истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Во показната вежба учествуваа: просторните сили за заштита и спасување на Општина Ѓорче Петров, скопската противпожарна бригада, ЦУК, ДЗС, Црвениот Крст, полициската станица во Ѓорче Петров. Стојкоски изрази посебна благодарност до УНДП и постојаниот претставник Армен Григорјан за партнерството и поддршката во градењето поподготвени и поотпорни заедници.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti