klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

„Flowers Symphony“ во Битола и Охрид со повеќе од 100 учесници на сцената

„Flowers Symphony“ во Битола и Охрид со повеќе од 100 учесници на сцената
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·10. 08. 2026. 12:45:31

Еден од највпечатливите музички проекти на Оркестар DIVA, „Flowers Symphony“, и ова лето ќе ѝ донесе на публиката уникатно музичко доживување исполнето со италијански канцони, оперски арии и незаборавни филмски теми. Концертот ќе се одржи на 17 август 2026 година, со почеток во 21:00 часот, во Пациото на НУ Завод и Музеј – Битола, а веќе следниот ден, на 18 август 2026 година, во истиот термин, проектот ќе биде изведен и во Долни Сарај – Охрид. Годинашното издание носи освежена и проширена програма, која ја спојува силата на симфонискиот звук со емоцијата на оперската музика, романтиката на италијанските канцони и впечатливоста на најпознатите филмски композиции. Публиката ќе има можност да слушне музика од големите филмски композитори како Енио Мориконе, Џон Вилијамс и Ханс Цимер, како и избор од познати оперски арии и италијански песни. На сцената ќе настапат оперските солистки Јаворка Витанова, Виолета Арсовска и Зана Абази-Рамадани, заедно со хорот „Гортинија“ од Гевгелија, под водство на Илија Атанасов. Специјални гости на концертот ќе бидат Наде Талевска и Билјана Талевска, а целокупната програма ќе биде изведена од Оркестар DIVA (Битолски Камерен Оркестар) под диригентската палка на Владимир Димовски. Со повеќе од 100 учесници на сцената, „Flowers Symphony“ претставува музичко-сценски проект кој…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti