ДВЛМ со системски пристап кон одговорното играње

Превенцијата, едукацијата и стручната поддршка се клучни за препознавање и намалување на ризиците од проблематично играње игри на среќа. Одговорното играње не почнува тогаш кога ќе се појави проблем, туку многу порано, со информираноста, свесноста за ризиците и навременото препознавање на предупредувачките знаци. Токму затоа, Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија, преку иницијативата „Играј одговорно“, континуирано вложува во превенција, едукација и психо-социјална поддршка, со јасна цел: да ја зајакне свесноста за одговорното играње и да обезбеди стручна помош за лицата кои се соочуваат со предизвици поврзани со играњето игри на среќа. Од 2019 година, иницијативата се развива како долгорочна програма за советување, превенција и поддршка, не само за поединците туку и за нивните семејства. Преку мрежата на советувалишта во Скопје, Куманово, Прилеп и Радовиш, поддршката станува подостапна за граѓаните на повеќе локации низ земјата. Со отворањето на советувалиштето во Радовиш во април годинава, мрежата добива нова точка на поддршка, а иницијативата дополнително го прошири својот опфат. Зад оваа определба стои разбирањето дека одговорното приредување игри на среќа подразбира повеќе од почитување на принципи и стандарди. Тоа значи континуирана грижа, вложување во превентивни механизми и создавање услови за навремена стручна помош. За Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија, општествената одговорност е…


