klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Омерагиќ: Плаќаме сметка на старо неработење, Седлоски има целосна поддршка!

Омерагиќ: Плаќаме сметка на старо неработење, Седлоски има целосна поддршка!
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·14. 10. 2026. 18:37:29

Македонската репрезентација со четири порази ја започна Лигата Б на Лигата на нации. Со тоа започнаа критиките кон селекторот и фудбалерите. Масар Омерагиќ, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, на гостувањето на емисијата „Спорт Фокус“ на ТВ Телма јавно застана во одбрана на Гоце Седлоски по критичките напади и притисоци насочени кон него. „Апсолутно ја има поддршката Гоце Седлоски. Јас не сум човек што луѓето вака лесно ги пушта низ вода посебно кога ќе влезете во вакви процеси. Гоце Седлоски своето знаење го покажал со освоените титули и Купови, исто и последните селектори почнаа лошо дури и со послаби противници. Тие немаа вакви противници, од ваков ранг, и имаа лоши односно променливи резултати. Тоа е разбирливо во фудбалот, треба почеток на привикнување, играчите да го разберат неговиот карактер, неговиот начин и размислување. Мислам дека преголема е критиката врз него, неоправдани се нападите, но свесни сме сите што сме на овие позиции дека сме подложни на напади, навреди и критики, тоа е составен дел од фудбалот. Седлоски ја има поддршката од сите нас и ќе продолжи. Знаеме дека ова не е лесно. Ние и претходно бевме во Ц дивизијата со години и тоа не беше трагедија. И се губеше од Ерменија…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti