Две локации во игра за НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година. Мицкоски ги соопшти плановите на настан по повод набавката на 100 нови амбулантни возила, посочувајќи дека една од можните локации за клиничкиот центар се наоѓа пред базенот што се реконструира, а другата зад тобоганот во истиот простор. – Се наоѓаме тука некаде помеѓу двете парцели коишто ги разгледуваме и за коишто преговараме за новиот клинички центар. Едната е пред овој базен којшто го гледате овде лево од нас којшто, исто така, беше оставен на забот на времето па сега се реконструира. А другата е позади овој тобоган којшто го гледате. Тоа се двете парцели отприлика каде што би требало да биде и новиот клинички центар. Очекувам до крајот на оваа година и тие преговори да ги завршиме – рече Мицкоски. Според премиерот, новиот комплекс треба да се поврзе со постојната болница „8 Септември“, ПЕТ-центарот и поликлиниката „Букурешт“. Владата…
Povezane vijesti

Наредната есен треба да започне доизградбата на новата Клиничка болница-Штип

Наредната есен треба да започне доизградбата на новата Клиничка болница-Штип, најави Клековски
