Наредната есен треба да започне доизградбата на новата Клиничка болница-Штип

До есен 2027 година треба да започнат градежните работи за доизградба на Клиничката болница во Штип-најави денеска по посетата на Клиничка болница-Штип, министерот за здравство Сашо Клековски. Тој истакна дека до крајот на годинава очекува да се финализираат разговорите со Светската банка и Европската инвестициска банка и да се склучи договорот за проектот. По ова, ќе следува тендерска постапка за избор на изведувач, за која се предвидуваат од три до шест месеци. -Поминавме втор круг на разговори со Светската банка и Европската инвестициска банка. Очекуваме дека разговорите ќе финализираат околу крајот на оваа година со склучување на договр меѓу Македонија и Светска банка, Европска инвестициска банка и дека потоа ќе пристапиме кон спроведување на тендер за довршување на Клиничка болница- Штип. Очекувањата се дека ќе бидат потребни три до шест месеци за тенедерот. Тоа би значело летото, есента 2027 година ние би почнале да работиме на оваа болница-изјави Клековски. Тој додаде дека постојано е во комуникација со сите надлежните во Општината, Болницата, за овој процес да го води поефикасно. -Постои комплетна посветеност овој споменик на неспособноста да го решиме и покажеме дека Македонија може- вели Клековски. Условите во кои што се примаат пациентите и во кои работат лекарите во болницата…
Povezane vijesti

Судење за „Пулс“: Вештакот на одбраната тврди скалите и галеријата на дискотеката биле занаетчиски работи, Обвинителството укажува на градење без проект

Пластична или дрвена – Која даска за сечење е подобра?
