klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Дурмиши: Средствата за рамномерен регионален развој се распределуваат преку повеќе програми и институции

Дурмиши: Средствата за рамномерен регионален развој се распределуваат преку повеќе програми и институции
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·14. 10. 2026. 14:04:20

Осумдесет милиони евра од унгарскиот кредит се распределени за албанските општини, истакна министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, одговарајќи на пратеничко прашање од Халил Снопче за распределбата на средствата за рамномерен регионален развој и поддршката за Полошкиот регион. Дурмиши не се согласи со оценката дека Полошкиот регион е најзаостанат во државата, нагласувајќи дека Владата презема мерки за намалување на регионалните нееднаквости преку инвестиции и развојни проекти. Според министерот, значителни средства биле распределени преку проектите финансирани со унгарскиот кредит. -Нееднаквостите веќе сме ги елиминирале со распределба на средствата коишто беа доделени во сите општини каде што ги добивме од унгарскиот кредит. Осумдесет милиони евра се поделени само за албанските општини и граѓаните можат да видат колку проекти се реализирани со поддршка на Владата, рече Дурмиши. Тој посочи дека прашањата поврзани со распределбата на буџетските средства се во надлежност и на Министерството за финансии и Министерството за локална самоуправа, но нагласи дека рамномерниот регионален развој е важен предуслов за економски раст и подобар животен стандард. Дурмиши додаде дека средствата за регионален развој не се обезбедуваат преку една буџетска ставка, туку преку повеќе институции и различни буџетски програми.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti