klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Државната помош за новородено дете во Хрватска ќе се зголеми на 803 евра

Државната помош за новородено дете во Хрватска ќе се зголеми на 803 евра
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·14. 10. 2026. 12:43:26

Хрватската Влада планира да ја зголеми еднократната финансиска поддршка за новородено дете од 618 на 803 евра од 1 јануари 2027 година, а предлогот за измена на законот што би овозможило идни зголемувања наскоро ќе биде доставен во постапка, изјави денеска министерот за демографија и имиграција Иван Шипиќ, јави Хина. За спроведување на мерката на годишно ниво се обезбедени речиси 28 милиони евра, изјави Шипиќ по седницата на Владата. Според предлогот за измена на Законот за мајчински и родителски додатоци, во декември оваа година Владата ќе го утврди износот на поддршката за следната година со цел да се примени новиот износ од 1 јануари 2027 година. Планирано е еднократната поддршка да се зголеми од сегашните 618 на 803 евра, односно од 140 на 182 проценти од буџетската основа. „Демографијата нема алтернатива за хрватската Влада, тоа е капитално прашање и Владата ќе најде средства за тоа“, нагласи Шипиќ. Хрватскиот министер истакна дека целта е дополнително да се зајакне финансиската сигурност на семејството во периодот по раѓањето на детето, кога се појавуваат значителни почетни трошоци за опрема и други потреби.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti