Државата дава по 5,33 ЕВРА ЗА КИЛОГРАМ: Офанзива против отровната морска риба во Грција

Со цел да се намали ширењето на морската риба Lagocephalus sceleratus, која е отровна и опасна за консумација и нанесува голема штета на опремата на рибарите, но и да се заштити морскиот екосистем и да се поддржат приходите на рибарите, министерот за земјоделство и храна на Грција Маргаритис Схинас соопшти дека грчките рибари ќе добиваат по 5,33 евра за килограм уловена риба, а пилот програмата ќе се спроведе во јужниот дел на Егејското море и на Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Мерката е по примерот на Кипар, каде што рибарите добиваат 4,73 евра за килограм, а во Грција овој надомест е малку повисок. Конкретната иницијатива е во рамките на првиот пакет од седум мерки за поддршка на грчкото рибарство, чија цел е итно справување со сериозните предизвици со кои се соочува секторот, а беше соопштена од министерот за земјоделство и храна на Грција по средбата со претставници на организациите на рибарите. Схинас посочи дека грчкото рибарство во последните години се наоѓа во тешка состојба, секторот е погоден од енормно високите цени на горивото, под закана е од климатските промени, но и од разни видови риби меѓу кои и Lagocephalus sceleratus, што како што рече, веќе претставува реална опасност…
Povezane vijesti

Трамп доаѓа на финалето, Њујорк под опсада: Илјадници полицајци, затворени патишта и „ефектот на малерот“ во центарот на вниманието

Приказната зад виралната фотографија на Меси и Јамал пред финалето на Мундијалот
