ЗНАМ на терен во Битола: Силна држава, сигурни граѓани, европска иднина

Караванот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, продолжи во Битола – градот на конзулите, културата и традицијата, кој со своето историско наследство, образовен развој и современ потенцијал претставува еден од најзначајните центри на Пелагонискиот регион. На панел-дискусијата се обрати претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, кој истакна дека главната обврска на секоја одговорна политика е да создава држава во која граѓаните имаат сигурност, еднакви можности и доверба во институциите. -Европска Македонија не е само политичка цел, туку начин на кој треба да ја организираме државата. Тоа значи институции што функционираат, правда што важи за сите и економија која создава можности за развој. Македонија треба да биде успешна и самоуверена држава која ги штити своите национални интереси и достоинствено чекори кон Европа, порача Димитриевски. Тој нагласи дека ЗНАМ е политички субјект создаден од граѓаните и дека токму непосредната комуникација со нив е најголемата сила на движењето. -ЗНАМ е создадено од граѓаните и е тука за граѓаните. Нашата сила не е само во политичките функции и институционалната одговорност, туку пред сè во довербата што ја добиваме од луѓето. Затоа остануваме меѓу граѓаните, ги слушаме нивните проблеми и работиме на решенија што ќе донесат…


