Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот на Буџетот обезбедуваме повеќе пари за проекти, капитални инвестиции и забрзување на инвестицискиот циклус

Предлог измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година од денеска се на дневен ред на матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет. Пред членовите на Комисијата Предлог-ребалансот го образложи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која истакна дека со измените и дополнувања се потврдува заложбата на Министерството за финансии и Владата за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии и воедно претставува продолжување на насоката што веќе дава резултати, а тоа се позитивните трендови во економијата. „Најважно и клучно е дека измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година што денеска го претставувам пред вас и јавноста не произлегуваат од недостиг на приходи или од нарушена ликвидност на Буџетот. Напротив. Овој ребаланс е резултат на потребата да ги усогласиме буџетските проекции со новите економски услови, да обезбедиме дополнителни средства за законските обврски што значат редовна и во целост исплата на платите во секторите каде што обезбедивме раст, повеќе средства за дополнителна поддршка за земјоделството, повеќе средства за социјална заштита и за општините и, она што има најважна карактеристика овој Ребаланс е обезбедувањето дополнителни средства за забрзување на инвестицискиот циклус во инфраструктурата“, рече министерката. Таа потсети дека измените и дополнувањата се носат во период на глобална неизвесност и дека…
Povezane vijesti

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат и се резултат на редовната економска активност
