Димитриеска-Кочоска: Правилното насочување на средствата најдобро се гледа преку растот на БДП

Дали средствата од Буџетот се правилно насочени или не се најдобро зборуваат податоците за растот на БДП и буџетскиот дефицит, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во денешната расправа по Предлог измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година во рамки на собраниската матична Комисија за финансирање и буџет. „Состојбата на јавниот долг во 2019 година беше 49%, во 2020 година 8% буџетски дефицит, а во исто време јавниот долг од 49% се зголемува на 59,7%, од 49% на 59,7%. Во таа година во која што постојано се повторува дека сме имале корона криза, но во истовреме Државниот завод за ревизија излезе со податоци за колкав е износот на средства коишто се дадени за поддршка на стопанството и колку другите средства биле насочени и дека не дале ефект на економијата. Понатаму во 2020 година имаме пад на БДП од 4,7%. Во следната 2021 година раст на БДП од 4,5% на паднатиот БДП од 4,7% во 2020. Кога другите економии имаа раст поголем од тоа што го изгубија во 2020 година, ние во 2021 година не можевме да го стигнеме она што го изгубивме во 2020 година. Но во истовреме буџетскиот дефицит беше 5,3% и во истата година јавниот долг отиде…
Povezane vijesti

Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат и се резултат на редовната економска активност

Димитриеска: За 2 години раст на БДП над 3%, наспроти раст од 1,8% во периодот на претходната влада
