Деребан: Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Со усвојувањето на Законот за судска служба и Законот за јавнообвинителска служба, се реализира уште една значајна реформска мерка во правосудството, предвидена во Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук заменик министерот за правда Ален Деребан. -Новите законски решенија воспоставуваат посебен статус на судските и јавнообвинителските службеници, воведуваат модерен систем за вработување, унапредување и кариерен развој, ја зајакнуваат кадровската автономија на судовите и јавните обвинителства, обезбедуваат поправеден систем на плати и го унапредуваат интегритетот и професионалноста на службата. Овие закони се важен чекор кон поефикасно, понезависно и поквалитетно правосудство, во интерес на институциите и на сите граѓани. Продолжуваме со реформи што носат резултати и ја забрзуваат Македонија, пишува Деребан на Фејсбук.


