klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Собранието го донесе Законот за парнична постапка

Собранието го донесе Законот за парнична постапка
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·03. 07. 2026. 10:05:36

Со 81 глас за, 9 против и ниту еден воздржан, Собранието го донесе новиот Закон за парнична постапка, кој претставува еден од клучните реформски чекори во насока на унапредување на правосудниот систем и негово усогласување со современите европски стандарди. Со новите законски решенија се создаваат услови за побрзи, поефикасни и поквалитетни судски постапки, како и за поголема правна сигурност и подобра заштита на правата на граѓаните и правните лица. Законот предвидува зајакнување на улогата на судот во утврдувањето на фактичката состојба, воведување современи дигитални алатки во работењето на судовите, како и поедноставување и забрзување на постапките, особено кај споровите од помала вредност. Меѓу значајните новини е и можноста за електронска достава на писмена и одржување на судски рочишта преку електронски средства, со што дополнително ќе се намалат трошоците и времетраењето на постапките. Законот воведува и претставнички тужби за заштита на колективните интереси и права, со што се проширува пристапот до правда и се создаваат нови механизми за правна заштита на граѓаните. Воедно, предвидени се поправедни и попропорционални санкции во текот на постапките, а законските решенија се усогласени со останатите системски прописи со цел обезбедување кохерентен, функционален и предвидлив правен систем. Министерството за правда продолжува со спроведување на реформската агенда насочена…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti