Бугарите се противат на распоредување американски авиони-цистерни во Безмер

Жителите на бугарската општина Безмер, десетина километри западно од Јамбол, протестираат против распоредувањето на американски авиони во воздухопловната база што се наоѓа во близина, тврдејќи дека не биле однапред информирани и дека одлуката е донесена без консултација со локалната заедница. Тие потпишале петиција и свикале протест, на кој повикуваат да им се придружат и живелите на околните села и населби. Градоначалникот на општината Безмер, Росен Русев, нагласи дека луѓето не се против самото постоење на воената база или спроведувањето на вежбите, туку против специфичната мисија за стационирање американски авиони-танкери, ангажирани во војната во Иран, објави бТВ. Според него, мештаните стравуваат дека по дипломатската нота на Иран „неизбежно ќе станеме потенцијална цел“. Русев додаде дека е малку веројатно дека петицијата ќе ја промени одлуката, но барем „гласот на луѓето од регионот ќе остане“, кои се плашат дека „влегуваме како земја во војна што не е наша“. Градоначалничката на селото Бољарски, Вања Пејнева, исто така изрази категорично несогласување со распоредувањето на авионите-цистерни. – Не сакаме овие авиони-цистерни да бидат распоредени тука. Многу често слушаме дека цивилни цели се погодени случајно. Тоа е она што ги загрижува луѓето. Ние сакаме само мир – рече Пејнева. Сличен став изрази и градоначалникот на селото Роза…
Povezane vijesti

Документарецот „Добри луѓе“ на Манчевски кој им даде глас на преживеаните од Кочани, со светска премиера во Сараево

Минчев: Денешните случувања во СДСМ се потврда на она што со години го говоревме
