klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над 130.000 ЕВРА

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над 130.000 ЕВРА
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·23. 07. 2026. 09:46:54

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струга против сопственик и управител на едно правно лице, како и против самата компанија, поради сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Според соопштението, првопријавениот С.З., како сопственик и управител на компанијата, со намера да стекне противправна имотна корист за себе и за правното лице, неосновано присвоил трговска стока евидентирана како залиха, чија вредност заклучно со 31 декември 2025 година изнесувала 26.085.138 денари. Со тоа, како што наведува Финансиската полиција, не пресметал, не пријавил и не платил данок на додадена вредност (ДДВ) од 18 проценти во износ од 4.231.907 денари, ДДВ по стапка од 5 проценти во износ од 128.727 денари, како и данок на личен доход во износ од 2.898.059 денари. Истрагата покажала и дека пријавениот не ги признал како приход застарените и ненамирени обврски во износ од 8.120.980 денари, иако, согласно Законот за облигационите односи, тие застаруваат по три години доколку за нив не е поведена судска постапка. Дополнително, иако бил законски обврзан, тој не поднел даночен биланс за 2025 година, ниту пресметал, пријавил и платил данок на добивка од 10 проценти, во износ од 812.098 денари. Од Управата за финансиска полиција наведуваат дека со овие дејствија…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti