Минчев: Денешните случувања во СДСМ се потврда на она што со години го говоревме

Политичките процеси што денес се одвиваат во Социјалдемократскиот сојуз не претставуваат изненадување, туку задоцнета потврда на она на што ЗНАМ предупредуваше години наназад, дека СДСМ се оддалечи од сопствените вредности, ги напушти принципите врз кои беше создадена и стана затворена и заробена структура без јасна политичка визија. Во интервју за Слободен печат, Генералниот секретар на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев, истакна дека не сака да шпекулира за мотивите на групата која пред извесен период јавно настапи со критики кон актуелното раководство на СДСМ, но оцени дека нивните настапи суштински ја потврдуваат политичката анализа што ЗНАМ ја застапува со години. „Она што можеме да го согледаме по одржувањето на тој настан и по јавните настапи на неговите учесници е потврда на тезата што ЗНАМ ја кажува веќе пет години - дека СДСМ е окупирана и заробена партија и спроведува погрешни политики. Во овој момент, иако правно формално Венко Филипче со сомнителен легитимитет е претседател, според мене конците ги влече некој друг“ - изјави Минчев. Осврнувајќи се на структурата на иницијативата, Минчев посочи дека меѓу учесниците постојат суштински разлики и дека нивниот политички кредибилитет не е ист. „Едната група ја сочинуваат луѓе кои биле дел од власта, учествувале во креирањето…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Zbog čega je Nolanov hit „The Odyssey“ ultimativna priča o psu - saznajte u novom Objektivu
