Божиновска и Азески на средба за стратешките приоритети во енергетиката и рударството

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за имплементацијата на стратегијата за рударство, подготовката на новата стратегија за енергетика и унапредувањето на законската регулатива во областите во надлежност на Министерството - соопштија попладнево од кабинетот на министерката. Во фокусот на разговорите била Стратегијата за рударство и нејзината имплементација, за која Азески ја потврдил поддршката на Стопанската комора и бизнис-заедницата. Била истакната важноста од соработка меѓу институциите и стопанството за спроведување на стратешките определби и создавање услови за одржлив развој на рударскиот сектор. - Посебно внимание беше посветено и на подготовката на новата Стратегија за енергетика на државно ниво. Стопанската комора изрази подготвеност да учествува во овој процес, заедно со меѓународните партнерски организации. Притоа, беше нагласена потребата, стратешките насоки во енергетиката да одговорат на новите трендови, технолошките промени и актуелните потреби на стопанството, со цел воспоставување функционален систем што ќе го поддржи економскиот раст и развој на државата - информираа од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. На средбата се разговарало и за можностите за развој на автомобилската индустрија, со посебен акцент на намалувањето на емисиите на штетни издувни гасови и…
Povezane vijesti

Новите предлог – закони за рударство и геологија претставени пред стопанството

Божиновска на средба со претставници од ЕБОР: Заложбите за стабилен енергетски систем препознаени како услов за просперитет на државата
