Ангелова: Колку повеќе Македонија се движи напред, толку поголема е нервозата кај оние што со години живееја од застојот, а сега себе си се препознаваат како „талог“

Колку повеќе Македонија се движи напред, толку поголема е нервозата кај оние што со години живееја од застојот. Најлесно е да се препознае кога некој нема аргументи тогаш почнуваат манипулациите, лагите и обидите да се создаде страв. Но граѓаните одамна научија да ја препознаваат разликата помеѓу празни зборови и вистински резултати, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова. -Предолго гледавме како државата стагнира, како кризите се користат за лични интереси, а институциите наместо на народот да му служат, им служеа на поединци. Денес се гради поинаков пристап. Пристап во кој успехот на Македонија е најважен, а не успехот на неколкумина. Нашата обврска е да продолжиме со работа, да создаваме можности и да покажеме дека Македонија може многу повеќе, вели таа. [facebook_post url="https://www.facebook.com/angelovaemilija/posts/pfbid02VtzCFCCpTsKJsh3i31zSEcTRJa5vkXFzAkCJZ8LSJme8eYWYFJ7sqdV34z8oCBUrl"]


