klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Животните приказни на Братислав Димитров: Ноќите во бел сатен

Животните приказни на Братислав Димитров: Ноќите во бел сатен
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·19. 10. 2026. 08:34:39

„Да се умре, тоа значи да се премине на страната на посилниот“ Ј. Ростанд Беше есен како оваа, само пред многу години. Беше и социјализам, со најава за скоро пристигнување на комунизмот. Пирошките, демократијата и интернетот сè уште не беа измислени. „Мирцавме“ во споменари, на корзо, а најчесто под јорганче. Тоа со „сушење на кичмата“ го измислија мајките затоа што машините за перење тогаш беа научна фантастика. А ние бевме реални тинејџери заљубени во Брижит Бардо и нејзините другарки. Да не ги набројувам сите, ќе ме искара сопругата. Многу е строга, ми брани да имам девојка. За разлика од денес, минатото барем беше автентично. Народниот обичај „дај еден гриз“ ги полнеше маалските улици и сокаци. Се сладевме со кришка леб натопена со вода за да не паѓа шеќерот. Тие што беа на појачана исхрана гурмански мљацкаа специјалитет со свинска маст и црвен пипер. „Авангардата на работничката класа“, кога беше на диета, јадеше само јагнешко со шприцери. Повеќе беа по духовната храна и затоа држеа долги говори. Сепак, не го надминаа Гинисовиот рекорд на Фидел Кастро, со говор од 7 часа и 10 минути во Куба 1986 година, пред нашите колешки и колеги комунисти. Поточно, „другарице и другови“. Никој не успеал…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti