АЛБАНИЈА ГОРИ: Повредени 16 полицајци, нападнато седиштето на Социјалистичката партија на Рама (ВИДЕО)

Во синоќешните протести во Тирана, кои се одржаа шести ден, повредени се 16 полицајци, а беше нападнато и седиштето на владејачката Социјалистичка партија и зградата на Министерството за внатрешни работи, пренесе Албаниан пост. Маскирани демонстранти фрлаа камења, молотови коктели и пиротехника кон полицајците и ги запалија Полициската станица број 3 и главниот влез на Министерството за внатрешни работи. За време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите повредени се и еден малолетник и еден новинар. Полицијата за време на интервенцијата употреби солзавец и водени топови. Протестот почна околу 12:30 часот со собирање на учесниците пред Министерството за образование, а веќе околу 13:20 часот беа фрлени првите камења кон полицајците, додека околу 13:50 часот судирите се интензивираа. За време на инцидентите во близина на Министерството за образование, новинар беше погоден со камен во карлицата и му беше укажана медицинска помош. По 14 часот, демонстрантите го напуштија просторот пред Министерството за образование и почнаа протестен марш низ улиците на главниот град на Албанија. По околу еден час, тензии избувнаа во близина на седиштето на Социјалистичката партија, каде што група демонстранти, главно маскирани млади лица, успеа да го пробие полицискиот кордон и почна да ја гаѓа зградата со камења и со цврсти предмети. Демонстрантите…
Povezane vijesti

СТУДЕНТСКА РЕВОЛУЦИЈА ВО АЛБАНИЈА: Протестите се проширија и во внатрешноста на земјата! (ВИДЕО)

Солзавец, оган, запалени објекти и судири со полицијата: Масовни протести во Тирана (ВИДЕО)
