Sjeverna Makedonija10563 vijesti
DruštvoСи-ен-ен: САД размислуваат за употреба на „мајката на сите бомби“ против Иран
Употребата на MOAB, најголемото ненуклеарно оружје во американскиот арсенал, би претставувала сериозна ескалација на конфликтот со Иран... The post Си-ен-ен: САД размислуваат за употреба на „мајката на сите бомби“ против Иран appeared first on 360 степени.
SportНе знае за доста: Илоски со нов гол и победа против Левандовски!(ВИДЕО)
ФОТО:facebook.com/philadelphiaunion/ Милан Илоски и дефинитивно е еден од најдобрите напаѓачи во моментов во МЛС. Имено Македонецот утринава против Чикаго и тоа како учествуваше во победата на неговата Филаделфија против тимот на Робер
DruštvoНеколку скопски улици без вода за пиење
Поради уличен дефект, со прекинато водоснабдување во текот на денов ќе бидат улиците „Прашка“ и „Дамска“, дел од „Букурешка“, како и Гимназија и ОУ „Нова“, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје. Предвидено е водоснабдувањето да биде прекинато од девет часот до завршување на работните активности. И дел од општина Центар во текот на денов ќе биде без вода за пиење. Од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје соопштија дека од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ биле информирани дека поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од „Мирослав Крлежа“ - потег од булевар „Партизански одреди“ до улица „Орце Николов“. Водоснабдувањето ќе било прекинато од 8:30 часот.
DruštvoСуви коловози на патиштата, непречен сообраќај на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
SvijetСи-ен-ен: Ако продолжи конфликтот со Иран, американската армија може да употреби „Мајка на сите бомби“
Американската војска, доколку претседателот Доналд Трамп нареди продолжување на конфликтот, има изготвено планови за напади врз иранската енергетска инфраструктура и нуклеарните постројки, планови што би можеле да вклучуваат употреба на бомбата ГБУ-43/Б, позната како „Мајката на сите бомби“, јави Си-ен-ен. Евентуалната употреба на најголемата ненуклеарна бомба во американскиот арсенал би претставувала значителна ескалација на конфликтот. Според неименувани официјални лица, постојат дилеми за нејзината ефикасност во остварувањето на стратешките цели поставени од Вашингтон. (МИА)
Svijet(ВИДЕО) Има мртви и ранети во најновиот руски напад во југоисточна Украина
Пет лица загинаа, а најмалку шест други се повредени во руски напади во украинскиот регион Днепропетровск и во Кропивницки, во југоисточниот дел на земјата, соопштија денеска украинските власти. Auf die zentral🇺🇦Großstadt und Region Kirowohrad fand gestern Abend und heute früh der bisher größte🇷🇺Luftangriff des Krieges statt, Ziel waren Lager, Fabriken…... Текстот (ВИДЕО) Има мртви и ранети во најновиот руски напад во југоисточна Украина е превземен од А1он.
SportНов пораз: Сабаленка се помалку мисли на тенисот
Американската тенисерка Ен Ли го направи најголемото изненадување на турнирот во Вухан откако со пресврт ја победи Арина Сабаленка, втора носителка и избори осминафинале. Таа славеше победа од 2:1 во сетови (3:6; 6:4 и 7:6 (7:5). Мечот траеше 2 часа и 28 минути. Во првите два сета секоја од тенисерките имаше по еден брејк повеќе, […] The post Нов пораз: Сабаленка се помалку мисли на тенисот appeared first on Република.
PolitikaФилипче: Македонските институции се виновни за бегството на Ива – да се стават Бугарите во Устав
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче во интервју за МРТ1 упати критики до власта во врска со бегството на Ива Михаилова, повторувајќи ги сомнежите на партијата дека тоа што сè уште не се знае како таа ја напуштила државата и влегла во Бугарија укажува на „договор под маса“. „Нема што друго да […]
DruštvoГо славиме Свети Андреј Јуродив
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 октомври. Свети Андреј Јуродив По потекло Словен. Како роб го купи некој богаташ Теогност во Цариград, во времето на царот Лав Мудриот, син на царот Василиј Македонец. Андреј беше прекрасно момче, телесно и душевно. Теогност го засака и го даде да се описмени. Андреј усрдно Го молеше Бога и со љубов ги посетуваше црковните богослужби. Послушен на едно небесно видение, тој се посвети на подвиг на јуродство заради Христа. И еднаш, кога отиде на бунарот по вода, ја искина облеката на себе, ја исече со нож и се направи луд. Нажален од ова, господарот Теогност го врза во синџири и го одведе во црквата на Св. Анастасија Одврзителка, за да му се прочитаат молитви. Но бидејќи Андреј не се поправи во очите на својот господар, овој го пушти да живее слободно како умоболен. Свети Андреј дење се правеше луд, а ноќе Му се молеше на Бога. Живееше без покрив и засолниште. Ноќеваше во полето, одеше полугол, во една парталава наметка, јадеше малку леб, кога ќе му дадеа добрите луѓе. Од она што го примаше им делелше на просјаците, и тоа кога ќе им дадеше ќе ги изнавредеше за да не му…
KulturaПочнува 45. Скопски џез фестивал
Словенечкиот перкусионист, тапанар и композитор Златко Каучич, вечер, во Националната опера и балет, ќе го отвори 45. Скопски џез фестивал (СЏФ). Ќе настапи со својот состав „Комбо БЦ“ и проектот Bravery of the Brave („Храброста на храбрите“). По Каучич, концерт ќе одржи тенор-саксофонистот, кларинетист и композитор Леонхард Скорупа, предводник на квинтетот со меѓународен состав – Quispel Quintet. За отворањето на 45. Скопски џез-фестивал, Скорупа е ангажиран да компонира ново музичко дело, при што својот базичен петочлен ансамбл ќе го прошири со тројца македонски музичари (Божидар Пеиќ – виолончело, Бојан Талевски – виола и Ѓорѓи Петрушевски – обоа) и заедно ќе настапат како октет (Quispel Octet). Полноќниот термин е резервиран за италијанско-американското дуо, вибрафонистот Пасквале Мира и вокалистот Хамид Дрејк, кој се смета за еден од најзначајните перкусионисти на сцената на импровизираниот џез. Утре настапува норвешкото дуо Еивинд Орсет (гитара, електроника) и Јан Банг (лајв семплинг), од Исланд доаѓаат композиторот и бас-гитарист Скули Сверисон и композиторката и мултиинструменталистка Олоф Арналдс, а полноќниот концерт е посветен на музичкиот фестивал Punkt во градот Кристијансанд и ќе гостуваат неговите основоположници, Норвежаните Јан Банг и Ерик Хоноре. Вечерта на 17 октомври ќе биде отворена со концерт на македонскиот квинтет предводен од вокалистката Андреа Мирчевска и…
PolitikaМицкоски на потпишување договор за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на потпишување договор за нова инвестиција на компанијата „Кромберг и Шуберт“. Договорот ќе биде пиотпишан во Свечената сала на Владата. По потпишувањето предвидено е Мицкоски и претставници на „Кромберг и Шуберт“ да одржат заедничка прес-конференција.
DruštvoСончево време со мала до умерена облачност
Според Управата за хидрометеоролошки работи, времето во текот на денов ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 20 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 Целзиусови степени. Според синоптичарите, следува период на променливо облачно и стабилно време - освен во петок, кога ќе има слаби локални врнежи од дожд што на повисоките планини ќе бидат од снег.