Sjeverna Makedonija16274 vijesti
SvijetШкорпијата да ги остави обврските за следната недела, Водолијата да остане смирена
ОВЕН Не обидувајте се денеска да правите неколку работи одеднаш, бидејќи ќе бидете расеани и може да пропуштите нешто важно. Доколку уживате во пишувањето, инспирацијата ќе ви дојде денеска. Некои од вас ќе можат да ги импресионираат другите со својата способност да зборуваат убедливо. БИК Иако денешниот е одличен ден за работа, некои од вас ќе претпочитаат целосно да се посветат на летната забава и романтични искуства. Дозволете настаните да си го земат својот природен тек и да ви покажат што треба да се направи сега, а што може да почека малку. БЛИЗНАЦИ Денеска искористете го моментот да разговарате со вашиот партнер за прашања поврзани со домот, семејните финансии или децата. Доколку се занимавате со креативна активност, посветете повеќе време на неа, ќе бидете задоволни од она што сте го постигнале, а тоа ќе биде и пријатно. РАК Денеска ќе ви биде подобро доколку ставите акцент на задоволствата и пријатните активности, наместо да се зафаќате со работа и досадни домашни обврски. Ќе се чувствувате прекрасно доколку присуствувате на културен настан или купите некој убав предмет за вашиот дом. ЛАВ Денеска ќе сакате да се опуштите и да се забавувате, па затоа е подобро да ги оставите задачите и обврските настрана…
SvijetСиљановска Давкова: Мислам дека се движиме добро и државата е пофункционална во многу области за разлика пред две години
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва оцени дека државата се движи добро и е пофункционална во многу области за разлика пред две години. Она на што треба да се работи, според претседателката, се борбата против корупцијата и криминалот и партизацијата. – Мислам дека се движиме добро. Сигурно е пофункционална од она што беше во многу области бидејќи, […]
PolitikaСинкевичус: Германската бригада во Литванија е врвен приоритет на новата влада
Новиот литвански премиер, Миндаугас Синкевичус, во телефонски разговор со германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека развојот на воената и цивилната инфраструктура за планираното распоредување на германската бригада во Литванија ќе биде еден од главните приоритети на неговата влада. „Можам да ве уверам дека и Владата и јас лично му придаваме највисок приоритет на тоа прашање“, му рекол Синкевичус на Мерц, соопшти Државната канцеларија во Вилнус. Тој додал дека ќе работи на натамошно зајакнување на односите меѓу Литванија и Германија, оценувајќи ги како „единствени во Европа“. Распоредувањето на германската бригада во Литванија беше најавено како одговор на зголемената закана од Русија и се смета за клучен дел од зајакнувањето на источниот крило на НАТО. Според планот, до 2027 година во Литванија треба трајно да бидат стационирани до пет илјади германски војници, чија главна база ќе биде во воениот комплекс што се гради во Руднинкај. Синкевичус и членовите на неговиот владин кабинет положија заклетва во вторникот. Четириесет и двегодишниот политичар е трет социјалдемократски премиер по парламентарните избори во 2024 година, а најави дека неговата прва официјална посета во странство ќе биде на Германија.
BiznisДали исчезнува едно од најпознатите сирења во светот?
Рекордните температури и продолжените суши во италијанскиот регион Емилија-Ромања го загрозуваат производството на млеко, ги зголемуваат трошоците за земјоделците и ја доведуваат во прашање иднината на индустријата вредна дури 4,5 милијарди евра. Во последниве години, производителите сè повеќе се борат со екстремни временски услови. Додека во минатото шталите се ладеа само во текот на ноќта, … Дали исчезнува едно од најпознатите сирења во светот? Read More » The post Дали исчезнува едно од најпознатите сирења во светот? appeared first on Слободен печат.
SvijetДенес е Свети Андреј, архиепископ Критски
Свети Андреј, архиепископ Критски Роден е во Дамаск од родители христијани. Се роди нем и така остана до неговата седма година. Кога родителите го одведоа во црква и го причестија, тој проговори. Толкава е силата на Божествената Причест! Во својата четиринаесетта година отиде во Ерусалим и се потстрижи во лаврата на Св. Сава Осветен. Со разумот и подвигот ги надмина многумина постари монаси и им беше пример на мнозина. Потоа патријархот си го зеде кај себе за писмоводител. А кога почна да свирепствува монотелитската (едноволничка) ерес - којашто учеше дека Господ Исус ја немаше човечката волја, туку само Божетсвената - во Цариград се собра Шестиот Вселенски Собор, во 681 година, во времето на царувањето на Константин Брадестиот. Ерусалимскиот патријарх Теодор не можеше да оди на Соборот, туку го испрати како свој ополномоштеник овој Андреј, тогаш архиѓакон. На Соборот Андреј ја покажа својата надареност, беседништво, ревност кон верата и необичната расудливост. Откако помогна да се утврди Православната Вера, Андреј се врати на својата должност во Ерусалим. Подоцна беше избран и поставен за епископ на островот Крит. Како архиереј беше многу омилен кај народот. Ревнуваш многу за Православието и ги сотираше крепко сите ереси. Со своите молитви чудотвореше. Ги протера Сарацените од…
SvijetДелови од Гази Баба и повеќе улици во индустриската зона без вода
Корисниците од делови на Гази Баба и од повеќе улици во индустриската зона на Скопје денеска ќе останат без вода поради зафати на водоводната мрежа, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Поради изведување водоводен приклучок Ф100 милиметри на улицата „Сречко Пужалка“ бр. 60А, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Сречко Пужалка“ и „Товарник“ во општина Гази Баба. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности. Дополнително, по барање на фирмата „Навипо Шипинг“, ќе се врши замена на затварач (шибер) Ф80 милиметри на улицата „Индустрија“ бб. Поради овој зафат, без вода ќе останат корисниците од улиците „Индустрија“, „Перо Наков“, „Вера Радосављевиќ“, „Димче Милошевски“, „Боривое Милошевски“ и „Зендел Џемаил“. Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 09:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности, информираат од јавното претпријатие.
SvijetРецепт за летна салата од брокула со крцкава сланина и кремаст сос
Крцкавата сланина и свежата брокула во комбинација со кремаст прелив прават салата полна со вкусови и текстури. Оваа салата можете да ја чувате во затворен сад во фрижидер три-четири дена. Доколку однапред ја подготвувате, се препорачува салатата и преливот да ги чувате одделно, а потоа да ги измешате најмалку еден час пред сервирање. Состојки: – … Рецепт за летна салата од брокула со крцкава сланина и кремаст сос Read More » The post Рецепт за летна салата од брокула со крцкава сланина и кремаст сос appeared first on Слободен печат.
SvijetВИДЕО: Трамп жестоко ја обвини Кина во говор кој дел од големите ТВ мрежи одбија да го пренесуваат
Американскиот претседател Доналд Трамп ги декласификуваше разузнавачките информации за кои тврди дека покажуваат кинеско мешање во изборите во САД, и покрај проценката на американските разузнавачки служби кои не пронајдоа докази дека Пекинг се мешал во изборите во 2020 година што Трамп ги загуби. Во својот 25-минутен говор, Трамп ги нагласи... Текстот ВИДЕО: Трамп жестоко ја обвини Кина во говор кој дел од големите ТВ мрежи одбија да го пренесуваат е превземен од А1он.
SvijetМногу топло време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во … Многу топло време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи Read More » The post Многу топло време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи appeared first on Слободен печат.
BiznisКурсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денес?
Според курсната листа на НБРСМ средниот курс на еврото денеска изнесува 61.5547, а на американскиот долар 53.6799 денари. Средниот курс на британската фунта изнесува 72.5257 денари. The post Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денес? appeared first on Слободен печат.
SvijetДелови од Горно Соње и Бардовци без струја
Без електрична енергија денеска од 07.00 до 16.00 часот ќе бидат корисниците во населбата Коштан во Горно Соње, информира РЦУК Скопје. Оод 09.00 до 13.30 часотструја ќе немаат и дел од корисниците околу црквата во населбата Бардовци.
SvijetСончево и многу топло, попладне можен дожд
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени. Според Управата за хидрометеоролошки работи, од понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде денеска и во деновите од викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 31 степен. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.