Sjeverna Makedonija9699 vijesti
Svijet„Талир 1“ и „Титаник“, последни битки за предметите на СЈО – партијата и поранешни вмровски функционери сè уште на обвинителна клупа
Ослободителната пресуда за Никола Груевски во „Талир 2“ и ослободувањето на новинарот Драган Павловиќ – Латас во „Тотал“ изгледаа како симболичен крај на една ера – ерата на предметите што ги отвори Специјалното јавно обвинителство. Со нив паднаа и последните големи очекувања за конфискација на имотот на ВМРО-ДПМНЕ и за кривична одговорност на дел од … „Талир 1“ и „Титаник“, последни битки за предметите на СЈО – партијата и поранешни вмровски функционери сè уште на обвинителна клупа Read More » The post „Талир 1“ и „Титаник“, последни битки за предметите на СЈО – партијата и поранешни вмровски функционери сè уште на обвинителна клупа appeared first on Слободен печат.
SvijetСе чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места во градот се дели пакувана вода за пиење
Во Гостивар се очекуваат резултатите од анализите на надлежните институции за причината и појавата на зголемен број на заболени со стомачни тегоби. Од синоќа преку владините служби почна дистрибуција на вода за пиење, а кон акцијата се приклучуваат и поединци и компании. Според Ивица Томовски, директор на СОЗР, на дневно ниво во Гостивар ќе се делат по 50 илјади литри пакувана вода. Епидемиолозите вчера пријавија епидемија поради зголемениот број на лица што се пожалиле на здравствени тегоби. Последната информација од Министерството за здравство е дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Според информацијата, во периодот од 18 јули во 8 часот до 19 јули во 8 часот, во Општата болница во Гостивар се регистрирани: 204 прегледи на Инфективното одделение, при што три лица се хоспитализирани;140 прегледи на Педијатриското одделение, од кои 105 нови и 35 контролни; девет прегледи на Ургентниот центар. - Клиничката слика кај најголемиот број пациенти е лесна, а бројот на хоспитализирани лица останува низок. Сепак, поради зголемениот број заболени во краток временски период, состојбата се третира како активен епидемиски настан и се спроведуваат сите потребни епидемиолошки, лабораториски и превентивни активности - наведуваат…
SvijetЖивотните приказни на Братислав Димитров: Брижит Бардо во кино „Карпош“
Во Улцињ е убаво да се живее. Под услов да си портокал. Во Скопје е идеално за живот. Под услов да си гуштер. Одамна сум предложил со закон и устав да се забранат летото и зимата. Знакот е различен, а резултатот е ист. Се страда и на плус и на минус. Уште пред да бидат измислени „духовни коучи“, ние ја користевме древната македонска мудрост: „Мечка страв - мене не страв“. Така охрабрен излегов од дома како од енциклопедија и купив основни намирници. Цигари, кафе и алкохол. И таман кога излегов од супермаркетот, во заседа ме начека еден комшија со строга реплика: „Бато, ти не си секогаш со нас!“ Се заколнав дека нема да дискутирам за дневна политика, ама во сила стапи славната кумановска поговорка: Зарекла се свиња гомна да не једе. Така почна. Филозофски му одговорив: „Тоа значи дека и вие не сте секогаш со мене“. Завалијата беше во топ-форма. Како пратеник пред шалтер за дневници. „Ајде објасни им на сите оние што лепеле плакати и агитирале во кампања на разни демократски избори дека за нив не останала ниту една функција, а!? Ова „а“ звучеше особено убедливо. Не знам. Никогаш не сум објаснувал. Никогаш не ми објаснувале. Ама барем докажавме…
SvijetСе чекаат резултатите за бројот на заболени во Гостивар, се дели пакувана вода за пиење
Во Гостивар се очекуваат резултатите од анализите на надлежните институции за причината и појавата на зголемен број на заболени со стомачни тегоби. Од синоќа преку владините служби започна дистрибуција на вода за пиење, а кон акцијата се приклучуваат и поединци и компании. Според Ивица Томовски директор на СОЗР, на дневно ниво во Гостивар ќе се […] The post Се чекаат резултатите за бројот на заболени во Гостивар, се дели пакувана вода за пиење appeared first on Република.
SvijetСе чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели вода за пиење
Во Гостивар се очекуваат резултатите од анализите на надлежните институции за причината и појавата на зголемен број… The post Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели вода за пиење appeared first on Fokus.mk.
SvijetИлјадници припадници на движењето „Бубашваби“ бараат оставка од индискиот министер за образование и реформи во испитниот систем
Илјадници поддржувачи на младинското индиско движење „Бубашваби“ денеска се собраа во Њу Делхи со намера да маршираат кон индискиот Парламент за да побараат оставка од министерот за образование Дармендра Прадхан, иако полицијата не го одобри протестниот марш. Десетици полицајци го опколија и блокираа просторот кај протестната зона Џантар Мантар во центарот на главниот град, поради опасност од судири доколку демонстрантите се упатат кон Парламентот што се наоѓа на неколку километри од местото на собирањето. Полицијата преку озвучување ги повика демонстрантите да се разотидат, но насобраната маса продолжи со протестните извици. Движењето „Бубашваби“ се појави во мај откако главен судија на индискиот Врховен суд, при судење дел од невработените млади луѓе ги спореди со „бубашваби“. Поддржувачите на таа изјава и дадоа сатирично значење и го искористија терминот како име на движење што за кратко време привлече милиони следбеници на социјалните мрежи. Движењето дополнително зајакна откако во неколкунаврати беа „пробиени“ тестови за прием на медицински факултети и за државни работни места, што предизвика голем револт во јавноста. Дополнително внимание привлече настанот од саботата кога полицијата насилно во болница го префрли активистот, Соам Вангчук, кој штрајкуваше со глад. Демонстрантите, кои самите се нарекуваат „бубашваби“, веќе еден месец кампуваат кај Џантар Мантар, а дел…
SvijetЕксплозии во Бахреин, активирани сирените за тревога во престолнината Манама
Експлозии повторно се слушаат во главниот град на Бахреин, Манама, при што повторно се огласија сирените за воздушна опасност. „Сирените за тревога се активирани. Граѓаните и жителите треба да останат смирени и да се упатат кон најблиското безбедно место“, се посочува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Бахреин објавено преку социјалната мрежа „Икс“. И во соседен Кувајт армијата соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана пресретнала ирански дронови. Преходно беше соопштено за напади извршени во текот на изминатата ноќ врз Кувајт, Бахреин и Јордан, сите држави во кои се распоредени американски воени сили, во услови на зголемена регионална ескалација меѓу САД и Иран.
SvijetШпанија или Аргентина и лулашката од 13 000 ден. за Кацарска, за Рускоска и Костадиновски
Гледав Аргентина-Англија. Последниве години некако слабо го разбирам фудбалот. Се помалку ми е јасно зошто 100 000 луѓе на трибините и уште милиони надвор од трибините. Покрај екраните очајуваат или се радуваат. Што е различно од порано кога фудбалот ми беше во срцето. Посебно како дете. И додека тие мисли ми кружат низ главата, Меси успева да им избега на двајца, нафрла и Аргентина го дава вториот гол. И камерата ни доловува еден возрасен Аргентинец на трибините како плаче. Да, плаче! Од радост. И во мозокот и душата повторно ми се враќа необјаснивата магија, не само на фудбалот, туку и на спортот воопшто. Едно од најубавите нешта на светот. Зашто тоа не е само трчање на 22 деца или малку повозрасни од деца, по топката, туку и уметност, перфекција кај оние врвните, драма, есенција од чиста емоција, тага, радост, љубов… Еден сосема друг свет, особено вечерва кога веројатно неколку милијарди луѓе ќе седат пред екраните. Некој ќе навива за Шпанија, некој за Аргентина, некому ќе му е сеедно, но сите ќе седат и ќе гледаат. Доживување еднаш во четири години. Магија. Која ја сфаќам и во исто време не ја сфаќам. Но, магија е! Во Скопје, пак, старите досадни работи…
SvijetПретседателката на Индија во посета на земјава – посебен сообраќаен режим во Скопје
СВР Скопје ги повикува граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници за време на... The post Претседателката на Индија во посета на земјава – посебен сообраќаен режим во Скопје appeared first on 360 степени.
SvijetЛетен пинџур
Состојки: 2 модри патлиџани 2 црвени домати 1/2 кг пиперки( црвени или зелени) масло 3 чешниња лук магдонос сол Подготовка: Распоредете ги доматите, модриот патлиџан и пиперките во плех за печење, ставете ги во загреана рерна и печете додека не омекнат. Излупете го зеленчукот и исецкајте го на коцки.Ставете ги исецканите чешниња лук ,магдоносот и солта во соодветен сад, па изгмечете ги со толчник. Додадете го исечканиот зеленчук и уште малку изгмечете со толчникот за да се соединат сите состојки. Загрејте масло во тава и додадете го врз зеленчукот. Уживајте!!
SvijetПовикот на клептократската дивина
Во еден поширок општествено-политички контекст вжештените „расправи“ за буџетот или изборниот закон се само политикантска смешка, т.н. „Талир 2“ па и „Талир 100“ или актуелното семејно или врсничко насилство се или ќе бидат само детска игра во милјето на меѓупартиското односно политичкото силеџиство и појавата на монструозни идеи. Објективно тие се ултимативната кочница на државата и општествениот развој во сите насоки. Општествено-политичката саможивост и историското слепило кај еден минорен дел од „актерите“ на македонската политичка сцена – оние трансформирани во безнадежни политикантски секти! – свесно и континуирано го разгоруваат пожарот на политичкото безумие и националното предавство. Наспроти сите културни и цивилизациски аргументи, наспроти неподмитливите историски докази, тие се подготвени да збришат сѐ што генерации и генерации пред нив постигнале, лажливо подметнувајќи одамна компромитирани тези за прогрес наспроти изолација, богатство наспроти сиромаштија, иднина наместо минато… А како паралелна но сепак доминантна трансверзала се нуди и целосна општествена девастација низ формата на некаков агресивен повик на општа борба против одредена политичка партија што треба да „претставува врвна граѓанска одговорност и историска должност“ (sic!). Дури и само како мисла звучи чудовишно во третата деценија на дваесет и првиот век, не пак истата да биде напишана, дури и јавно обзнанета! Во недостаток на соодветни…
SvijetПапата Лав донесе историска одлука: бунтовниците во мантија останаа надвор од Ватикан
Одлуката на папата Лав Четиринаесетти да ги екскомуницира членовите на Свештеничкото братство Свети Пиј Десетти е најновиот чин во долгата и тешка историја на судир меѓу Ватикан и едно од најспорните традиционалистички католички движења. Во суштина, станува збор за спор што не почнува со сегашниот папа, ниту со последната одлука на Ватикан, туку со децениската … Папата Лав донесе историска одлука: бунтовниците во мантија останаа надвор од Ватикан Read More » The post Папата Лав донесе историска одлука: бунтовниците во мантија останаа надвор од Ватикан appeared first on Слободен печат.