klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Стоилковски: „Големи“ промени во СДСМ, еден помилуван за криминал замени друг помилуван

Стоилковски: „Големи“ промени во СДСМ, еден помилуван за криминал замени друг помилуван
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·23. 08. 2026. 20:34:53

"Големи" промени во СДСМ - Социјалдемократски сојуз на Македонија. Еден помилуван за криминал замени друг помилуван за криминал, напиша на социјалните мрежи Наум Стоилковски, советник за комуникации и односи со јавност во Владата. Во објавата тој додава дека во двата случаи, и Заев и сега Филипче, се ослободуваат од гонење без спроведување на постапката. Во четвртокот, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти дека по извршени проверки и анализа на прибраната документација, оцени дека не постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, ниту за друго кривично дело кое се гони по службена должност, во врска со јавните набавки за изградба на 19 модуларни болници.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti