Sjeverna Makedonija1209 vijesti
SportДали ФИФА драстично го менува изгледот на следното Светско првенство?
Фото: FIFA X ФИФА започна забрзана постапка за евентуално проширување на Светското првенство на 64 екипи од 2030 година, пишува Гардијан. Светската фудбалска организација веќе објави тендер за независна анализа на економските импликаци
SportБразилец за Аргентинец: Меси е бог на фудбалот, дојдов да му помогнам!
Бразилскиот фудбалер Касемиро беше официјално претставен како нов играч на Интер Мајами. Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед изјави дека отсекогаш сакал да игра во ист тим со Лионел Меси (поранешна ѕвезда на Барселона), кого го смета за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Тој... Текстот Бразилец за Аргентинец: Меси е бог на фудбалот, дојдов да му помогнам! е превземен од А1он.
SportЗаокружете го овој датум: На 13 август на „Градски“ Шкeндија-Хибернијан
Европската фудбалска федерација УЕФА ги објави термините за одигрувањето на дуелите од третото квалификациско коло од Конференциската лига меѓу Шкендија и Хибернијан. Првиот дуел се игра на стадионот на шкотскиот тим во Единбург на 6.август со почеток во 21 часот. Реванш дуелот е закажан за 13.август во Скопје на Националната Арена Тодор Проески со почеток […] The post Заокружете го овој датум: На 13 август на „Градски“ Шкeндија-Хибернијан appeared first on Република.
SportХорор во Белгија: Фудбалер ограбен, а неговиот колега сними се (ВИДЕО)
Светот станува сериозно небезбедносно место. Кој би рекол дека ќе дојде време среде Брисел, белгиската престолнина во сред бел ден, професионален фудбалер во случајов на тимот на Ројал Унион да биде извлечен од неговото возило, нападн
SportВимблдон 2026 со рекордна посетеност
Вимблдон 2026 постигна рекордна посетеност од 550.151 гледачи во текот на двете недели, што е малку повеќе од минатогодишниот вкупен број, објави ESPN, повикувајќи се на „Ол Ингланд клубот за тенис и крокет“. Зголемувањето на посетеноста на 139-то издание на Гренд слем турнирот на трева беше олеснето од фактот дека првенството беше без дожд за прв пат од 2019 година. Вкупната посетеност ја надмина бројката од 2025 година за 1.381 гледач. Во однос на вкупната посетеност, Вимблдон сè уште заостанува зад другите три Грен слем турнири. Главниот настан на Австралија Опен привлече над 1,1 милион фанови оваа година. Минатата година, Отвореното првенство на САД привлече над 900.000 посетители, додека Ролан Гарос годинава го проследија 589.500 гледачи. Другите три турнири ги одржуваат мечевите во текот на 15 дена, Вимблдон останува на 14 дена. Натпреварувачките турнири, исто така, ги одржуваат своите квалификациски настани на лице место една недела пред главниот турнир, што им овозможува да привлечат повеќе навивачи и да ги зголемат приходите. Квалификацискиот турнир на Вимблдон се одржува надвор од главниот стадион. Ол Ингланд Клубот објави дека оваа година се поставени дневни рекорди на посетеност на 7., 12. и на 14. ден, кога Јаник Синер го победи Александар Зверев во машкото…
Стеф Кари заминува од Голден Стејт
Според новинарот на „Атлетик“, Маркус Томпсон, четирикратниот НБА-шампион Стеф Кари сериозно размислува за својата иднина доколку клубот не успее да состави тим што ќе може да се бори за шампионската титула. Како што наведува Томпсон, трансферот на Леброн Џејмс во Филаделфија дополнително го зголемил незадоволството кај Кари. Кари влегува во последната година од договорот со […]
Гавриловиќ: На Медитеранските игри одиме да оствариме најмалку две победи
Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ги почна подготовките за учеството на МИ во Таранто. Селекторот Милош Гавриловиќ по дебито минатиот циклус, сега знае со што располага иако списокот за овој собир претрпе промени со оглед на тоа дека дел од младите одбојкарки ги нема на располагање поради обврските кои ги имаат со У20 селекцијата […]
SportМалезија ќе биде домаќин на ГН на Бахреин!
Големата награда на Бахреин за 2026 година нема да се вози на Блискиот Исток, туку привремено се сели директно на легендарната патека „Сепанг“ во Малезија. Челниците на Формула 1 и ФИА официјално потврдија дека е постигнат уникатен договор меѓу владите на Бахреин и Малезија, со што се спасува одржувањето на трката. Настанот официјално ќе се вика „Формула 1 Галф Ер Голема награда на Бахреин во Малезија“ и ќе се одржи од 2 до 4 октомври 2026 година, сместувајќи се во календарот помеѓу трките во Азербејџан и Сингапур. Остатокот од распоредот за 2026 година останува непроменет. „Сепанг“ дебитираше во 1999 година и е добро познат по своите страсни навивачи, возбудливото тркање и крајно непредвидливите временски услови. Последен пат моторите таму грмеа во 2017 година, кога триумфираше Макс Ферстапен.
SportЛазаревски: Братството и единството го красат Вардар
Во пресрет на стартот на подготовките своите очекувања за новата сезона ги сподели Милан Лазаревски. „Секогаш ц чппелите ни се највисоки. Претходно во многу наврати, ние играчите, тренерите и управата апострофираат дека секогаш целиме највисоко. Можеби имаме и цели кои некогаш отстрана се над нашиот капацитет. Сепак, сметам дека единствениот начин на кој би се подобрувале и би оствариле значаен резултат е да целиме што повисоко. Сметам дека ќе биде одлична сезона, екипата е доста подновена, ама имаме квалитет. Ќе се воигруваме и не чека доста тежок подготвителен период, ама сигурен сум во изборот на управата и стручниот штаб за составувањето на тимот. Се надевам дека ќе одговориме на предизвикот, ќе се прикажеме доста добро во Лигата на шампионите и секако во домашниот шампионат. Како што сум кажал и претходно, братството и единството кое владее во овој клуб, не само во овој нов Вардар, туку и од шампионските денови, таа кохезија меѓу играчите и стручниот штаб било клучен фактор за успесите постигнати. Тоа нема да се промени, ќе продолжи таа традиција. Јас и играчите кои сме веќе некое време тука сме им се ставиле на новите ракометари на располагање уште пред да дојдат во Скопје, без разлика дали е поврзано…
SportДрејмонд Грин потпиша нов едногодишен договор со Голден Стејт
Дрејмонд Грин се согласи да го продолжи својот престој во Голден Стејт Вориорс со нов едногодишен договор вреден 27,7 милиони долари објавија американските медиуми. Грин претходно се откажа од својата играчка опција вредна 27,6 милиони долари ова лето за да им помогне на Вориорс да го ангажираат Леброн Џејмс како слободен агент. Меѓутоа, откако Џејмс одлучи да потпише за Филаделфија 76ерс, Голден Стејт повторно го потпиша својот долгогодишен крилен центар за речиси истиот износ што претходно го одби. Во регуларната сезона 2025/26, тој во просек бележеше: 8,4 поени по натпревар, 5,5 скока, 5,5 асистенции, со 41,8% успешност на шутот од игра. Настапи на 68 натпревари и продолжи да биде еден од најважните дефанзивци во ростерот на Вориорс.
SportМануел Нојер го најави своето повлекување
Германскиот голман Мануел Нојер (40) за прв пат проговори околу неговото пензионирање. Капитенот на Баерн ќе ја започне својата 21-ва сезона во Бундеслигата (16 со Баерн, 5 со Шалке), која ќе му биде последна по што ќе следува повлекување. Нојер откри дека бил многу блиску до одлука за повлекување уште оваа лето но атмосферата во тимот го мотивирала да остане уште една година. „Не играм со идејата дека ова е мојот последен натпревар, на кој било стадион. Но, навистина се чувствувам како да ќе ја завршам кариерата после сезонава!“, најави Нојер и продолжи да говори во врска со претстојната сезона: По неговата 21-ва сезона во Бундеслигата, тој најверојатно ќе се откаже на 5-ти јуни 2027 година, по финалето на ЛШ во Мадрид, надевајќи се дека ќе ја освои својата трета титула во ЛШ по 2013 и 2020 година!
SportВинисиус го пропушти тренингот на Реал
Бразилскиот репрезентативец Винисиус Жуниор сè уште не им се приклучил на тренинзите на Реал Мадрид, што дополнително ги засили шпекулациите околу неговата иднина во шпанскиот клуб. Според „Дејли мејл“, во Реал очекувале крилниот напаѓач да се врати во тренажниот процес пред крајот на месецот, откако со репрезентацијата на Бразил го заврши настапот на СП. Според информациите неговите претставници се обидуваат да ги обноват преговорите со Реал за продолжување на договорот. Според англиските медиуми, Арсенал внимателно ја следи ситуацијата и би можел да се обиде да го искористи евентуалниот застој во преговорите меѓу Винисиус и Реал Мадрид.