klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Мануел Нојер го најави своето повлекување

Мануел Нојер го најави своето повлекување
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·29. 07. 2026. 04:50:14

Германскиот голман Мануел Нојер (40) за прв пат проговори околу неговото пензионирање. Капитенот на Баерн ќе ја започне својата 21-ва сезона во Бундеслигата (16 со Баерн, 5 со Шалке), која ќе му биде последна по што ќе следува повлекување. Нојер откри дека бил многу блиску до одлука за повлекување уште оваа лето но атмосферата во тимот го мотивирала да остане уште една година. „Не играм со идејата дека ова е мојот последен натпревар, на кој било стадион. Но, навистина се чувствувам како да ќе ја завршам кариерата после сезонава!“, најави Нојер и продолжи да говори во врска со претстојната сезона: По неговата 21-ва сезона во Бундеслигата, тој најверојатно ќе се откаже на 5-ти јуни 2027 година, по финалето на ЛШ во Мадрид, надевајќи се дека ќе ја освои својата трета титула во ЛШ по 2013 и 2020 година!

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti