Sjeverna Makedonija1211 vijesti
SportДарко Ѓукиќ не мрда од ГРК Охрид
Дарко Ѓукиќ е на чекор до Партизан. Ова е информацијата која излезе во медиумите, од Србија. Неофицијално раководството било во преговори со српскиот ракометар а Ѓукиќ одлично би се вклопил во составот на Раул Гонзалес, кој во новата сезона ќе го предводи Партизан во ЛШ. Сепак оваа информација „паѓа во вода“. Од ГРК Охрид негираа дека постои можност Ѓукиќ да замине во Белград. Според македонскиот тим тој ќе остане и во новата сезона. Ѓукиќ во редовите на Охрид дојде од Вардар, а минатата сезона го езерскиот тим го освоија ЕХФ Европскиот Куп, натпреварување во кое ќе бидат дел и во оваа сезона.
Sport“Бомба“: Ѕвездата на Ливерпул се сели во Манчестер Сити?!
ФОТО:facebook.com/mancity/ Останувањето на Коди Гакпо во Ливерпул е неизвесно веќе некое време. Холанѓанецот, кој беше доведен од Јирген Клоп во зимата 2023 година за повеќе од 40.000.000 евра, игра нестабилно, иако неговата позиција н
SportМареска веќе почна да го глуми Пеп!(ВИДЕО)
ФОТО:.facebook.com/mancity/ Манчестер Сити се извлече против Борнмут, со пресврт во финишот и победи во дебито во Премиер лигата на новиот менаџер Енцо Мареска. Италијанецот го наследи Пеп Гвардиола на клупата на „Граѓаните“, со чие за
SportАлен Рустемовски обезбеди медал за Македонија во Таранто
Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше уште еден одличен настап на МИ во Таранто, совладувајќи го во четвртфиналето Албанецот Ариол Зенели, Рустемовски одново се прикажа во одлично светло и успеа да ја покаже својата моќ против ривалот од Албанија, кој доживеа шок по одличната серија удари на нашиот репрезентативец. До победата нашиот боксер стигна со технички нокаут во […]
SportШоу на “Специјалниот“: „Ете, тој е тој“!(ВИДЕО)
ФОТО:printscreen И дефинитивно Жозе Мурињо ужива во Реал Мадрид и тоа веќе им е апсолутно јасно на сите. Тој гради и одличен однос со новинарите, а доказ за тоа е она што се случи по денешната прес-конференција. Жозе Мурињо денес го н
SportБалеба е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед официјално го потврди доаѓањето на камерунскиот играч за врска Карлос Балеба од Брајтон. За фудбалерот е платено 65 милиони фунти, додека целиот договор би можел да се зголеми за дополнителни шест милиони евра со бонуси. 22-годишниот фудбалер потпиша повеќегодишен договор со „црвените ѓаволи“ откако успешно ги заврши медицинските прегледи. Доаѓањето на Балеба претставува најскапото летно засилување за тимот предводен од Мајкл Керик. Камерунецот е исто така третото големо засилување во средниот ред на Јунајтед оваа сезона, откако претходно пристигнаа Јури Тилеманс и Андреј Сантос.
SportБерокал: Само на фокус на победа во Австрија
Македонската сениорска репрезентација го одработи првиот собир во „Т Арена“ во Скопје, со што и официјално започна краткиот подготвителен период за гостувањето кај Австрија во рамките на втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2029. „Веројатно го имаме најдобриот можен ростер. Во овој момент имаме на располагање 14 кошаркари, практично речиси комплетен состав, со исклучок на Јакимовски. Ова е краток, многу краток период за подготовки. Она што е добро за нас е што ги имаме играчите на кои сметавме. Секако, важен дел од сето ова е и тоа дека го респектираме противникот. Во секој тим има промени, но тоа е дел од кошарката“, рече селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија Берокал. „Ќе победиме со Австрија ако одиграме подобро од нив, ако играме добра кошарка. Мислам дека треба да одиграме паметно и да играме заедно, затоа што имаме квалитет. Убеден сум дека можеме да бидеме подобри, но тоа треба да го покажеме на теренот. Во оваа кратка седмица, вклучително и неделата, заедно со помошта која треба да ја добиеме од Нено, Мекиќ, Рајт, но како и секогаш - сè зависи од нас. Респектот кон противникот мора да постои, но фокусот треба да биде на нас и на нашата игра“, смета селекторот. Говорејќи…
SportАлен Рустемовски обезбеди медал за Македонија во Таранто
Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше уште еден одличен настап на МИ во Таранто, совладувајќи го во четвртфиналето Албанецот Ариол Зенели, Рустемовски одново се прикажа во одлично светло и успеа да ја покаже својата моќ против ривалот од Албанија, кој доживеа шок по одличната серија удари на нашиот репрезентативец. До победата нашиот боксер стигна со технички нокаут во третата рунда. Овој триумф автоматски значи дека Рустемовски се пласира во полуфиналето, каде ќе има можност да се бори за уште еден медал од големите натпреварувања, а воедно и да ја збогати колекцијата за нашата држава од Медитеранските игри.
SportЗаврши тренерската клиника во Скопје
Во организација на Кошаркарската федерација на Македонија, на 24 и 25 август во Скопје се одржа тренерската клиника, која на едно место обедини реномирани кошаркарски стручњаци, тренери од македонските клубови, како и голем број љубители на кошарката. Во текот на двата дена присутните имаа можност да проследат исклучително квалитетна и разновидна програма, посветена на современите трендови во кошарката, развојот на младите играчи, односот тренер–родител–спортист, како и на најновите промени во кошаркарските правила. Посебна чест за македонската кошарка беше присуството на еден од најголемите европски тренерски авторитети, Светислав Пешиќ, кој своето огромно знаење и искуство го пренесе преку темите „Дефанзивна транзиција“ и „Позициона одбрана“. Селекторот на македонската сениорска репрезентација, Хосе Мариа Берокал, ја обработи темата „Офанзивна транзиција“, додека Саша Грујиќ преку две предавања се осврна на развојот на офанзивната тимска игра и индивидуалните офанзивни вештини во младинската кошарка, со посебен акцент на возраста од 10 до 18 години. Значаен сегмент од програмата беше посветен и на правилниот развој и самодовербата кај младите спортисти преку односот тренер–родител–спортист, а Судиската комисија при КФМ ги презентираше промените на официјалните кошаркарски правила кои стапуваат во сила од први октомври 2026 година. Квалитетот на клиниката беше неспорен, а најдобра потврда за тоа беше интересот и присуството…
SportОфицијално: Балеба е нов член на Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед официјално го потврди доаѓањето на камерунскиот играч за врска Карлос Балеба од Брајтон. Прославениот англиски клуб плати фиксна сума од околу 65 милиони фунти, додека целиот договор би можел да се зголеми за дополн
SportФедерер не планира враќање на тенисот
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер изјави денеска дека нема планови да се врати на професионалниот тенис, како што направи Американката Серена Вилијамс претходно оваа година. „Не, не, не, не. Не, воопшто не“, рече Федерер на прес-конференција во Њујорк, одговорајќи на новинарско прашање дали планира да се врати на тениските терени. „Благодарам за прашањето. Не бев сигурен дали ова прашање ќе биде поставено, но ми е мило што беше, па можев да разјаснам, во случај некој да се сетил на тоа“, додаде поранешниот светски рекет број 1. Федерер, сепак, денеска на кратко ќе се врати на теренот и ќе одигра ревијален натпреварот на теренот „Артур Еш“ во Њујорк. Организаторите на УС Опен објавија дека Федерер ќе одигра еден сет во поединечна конкуренција против Енди Родик и еден сет во двојки со Џон Мекинро против Родик и Андре Агаси. Ова ќе биде негов прв настап на Отвореното првенство на САД од 2019 година, каде освои пет титули во кариерата. Неколку денови по ревијалниот настан, Федерер официјално ќе биде примен во Тениската куќа на славните. Церемонијата ќе се одржи на 29 август во Њупорт.
SportПросинечки ја напушти клупата на Киргистан без официјален натпревар
Фудбалската федерација на Киргистан објави денеска дека е договорен спогодбен раскин на соработката со хрватскиот стратег Роберт Просинечки, кој ја напушта селекторската должност без да ја предводи репрезентацијата на официјален натпревар. Педесетиседумгодишниот Просинечки официјално ја презеде должноста селектор на Киргистан во декември лани и ја предводеше репрезентацијата на Киргистан на четири пријателски натпревари со ефект од два порази и два нерешени исходи. „Му изразуваме благодарност на Роберт Просинечки за неговата работа, придонесот во развојот на репрезентацијата и професионализмот. Му посакуваме успех и нови достигнувања во неговата понатамошна тренерска кариера“, објави локалното здружение. Претходно во својата тренерска кариера, Просинечки беше селектор на Црна Гора, Азербејџан и Босна и Херцеговина, а на клупски план ги предводеше Црвена ѕвезда, Кајзериспор, Денизлиспор, Олимпија Љубљана и Рудеш.