Sport Sjeverna Makedonija
Балеба е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·25. 08. 2026. 17:29:56
Манчестер Јунајтед официјално го потврди доаѓањето на камерунскиот играч за врска Карлос Балеба од Брајтон. За фудбалерот е платено 65 милиони фунти, додека целиот договор би можел да се зголеми за дополнителни шест милиони евра со бонуси. 22-годишниот фудбалер потпиша повеќегодишен договор со „црвените ѓаволи“ откако успешно ги заврши медицинските прегледи. Доаѓањето на Балеба претставува најскапото летно засилување за тимот предводен од Мајкл Керик. Камерунецот е исто така третото големо засилување во средниот ред на Јунајтед оваа сезона, откако претходно пристигнаа Јури Тилеманс и Андреј Сантос.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

