Sjeverna Makedonija1245 vijesti
SportАлкарас се повлече и од Синсинати, неизвесен е и неговиот настап на САД опен
Карлос Алкарас се повлече и од шестиот голем турнир по ред, а неговото отсуство од терените трае веќе повеќе од четири месеци. Шпанецот ноќеска реши да се откаже и од мастерсот од серијата 1.000 во Синсинати, а многумина стравуваат дека тоа најверојатно значи дека нема да настапи ниту на САД опен, пишува Skysports. Најмладиот светски … Алкарас се повлече и од Синсинати, неизвесен е и неговиот настап на САД опен Read More » The post Алкарас се повлече и од Синсинати, неизвесен е и неговиот настап на САД опен appeared first on Слободен печат.
SportСекоја чест: Меси донираше 80.000 евра за опожарениот дел на Мадрид
Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, кој долги години играше за Барселона, донираше 80.000 евра за обнова на подрачјето Сиера Оесте во регионот Мадрид, кое беше тешко погодено од неодамнешните големи шумски пожари, објавија вечерва регионални власти. Претседателката на регионот Мадрид, Исабел Дијаз Ајусо му се заблагодари на Меси преку социјалните мрежи, истакнувајќи оти […] The post Секоја чест: Меси донираше 80.000 евра за опожарениот дел на Мадрид appeared first on Република.
SportВан Гал подготвен да се врати на селекторското место во Холандија
Холандскиот фудбалски стручњак Луј ван Гал откри дека Кралската холандска фудбалска асоцијација (KNVB) сè уште не го контактирала за евентуално враќање како главен тренер на репрезентацијата, но тој е на располагање. Седумдесет и четиригодишниот Ван Гал во интервју за „Voetbal International“ потврди дека е подготвен да ѝ помогне на репрезентацијата, истакнувајќи дека на федерацијата ѝ е потребно долго време за да пронајде нов тренер: „Се чини дека позицијата главен тренер на репрезентацијата е тешка тема за современите тренери!“ Ван Гал претходно во три наврати ја предводеше репрезентацијата на Холандија (2000-2001, 2012-2014, 2021-2022). Прво го водеше тимот до Светското првенство во 2002 година, а потоа стигна до полуфиналето на Светското првенство во 2014 година и до четвртфиналето на Светското првенство во 2022 година. Роналд Куман се повлече од селекторската функцијата на репрезентацијата на Холандија по Светското првенство во 2026 година. Холандија ќе го игра својот следен натпревар од Лигата на нации на 24 септември против Германија. (МИА)
SportСензација: Салах денеска потпишува за Трабзонспор
Повеќе турски медиуми јавија вечерва дека поранешниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах, в среда ќе потпише двегодишен договор со Трабзонспор. Според турските медиуми, Салах ќе има годишна плата од 17 милиони евра, плус пет милиони евра во бонуси, како и дел од приходите од маркетинг и продажба на дресови со неговото име. Триесетичетиригодишниот Салах се […] The post Сензација: Салах денеска потпишува за Трабзонспор appeared first on Република.
SportТрабзонспор ја потврди големата вест
Трабзонспор официјално го објави пристигнувањето на поранешниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах, со обраќање до своите навивачи. Египетската ѕвезда ќе слета во Истанбул денес. „Порака за навивачите на Трабзонспор. Професионалниот ф
SportПочина ММА борецот Алан Насцименто
Бразилскиот ММА борец Алан Насименто почина на 35-годишна возраст по срцев удар, објави УФЦ. Алан Насцименто беше пронајден мртов во својот стан. Според достапните информации, тој починал во сон од срцев удар. „И покрај брзата реакција на службата за итна медицинска помош, тој почина на самото место. Нашите мисли се со семејството на Алан, на кое им изразуваме искрено сочувство, како и со пријателите и другарите во овие исклучително тешки моменти“, соопшти УФЦ. Насцименто се бореше во категоријата мува категорија, а својата ММА кариера ја започна во 2011 година. Дебитираше во УФЦ во 2021 година. За време на својата ММА кариера, тој забележа 22 победи и седум порази. Беше на работ да влезе меѓу првите 15 борци во својата категорија.
SportМакедонија во ТОП 16 на кадетското ЕП
Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа на ЕП 2026, откако денеска ја совлада селекцијата на Турција со 29:27. Нашата репрезентација го освои второто место во својата група од разигрувањето и како најдобропласирана второпласирана селекција обезбеди место меѓу најдобрите 16 репрезентации на шампионатот. Нашата селекција ќе продолжи да се натпреварува за пласман од деветтото до 16 место на континенталниот шампионат што се одржува во Србија. Воедно, со овој успех, кадетите го опстанокот во елитната дивизија на европскиот ракомет, а воедно изборија и пласман на младинското Европско првенство 2028.
SportПромени во распоредот на два натпревари од ЛШ за РК Вардар
Македонскиот ракометен првак Вардар ги информира навивачите, дека има промени во распоредот во ЕХФ ЛШ. Домашниот натпревар од 2.коло против Нант, што ќе се игра на 16 септември во СЦ „Јане Сандански“, ќе започне во 18:45 часот. Промена има и за гостувањето кај Висла Плоцк во 4. коло. Натпреварот, претходно беше закажан за 15 октомври, но ќе се игра на 14 октомври, со почеток од 18:45 часот. Клубот дополнително ќе ги информира навивачите за сите детали поврзани со билетите и организацијата на домашните натпревари. Останатиот дел од распоредот останува непроменет.
SportДенвер го подготвува најголемиот договор во историјата на НБА лигата!
Никола Јокиќ наскоро може да стане сопственик на најголемиот договор во историјата на НБА. Според информациите на „ЕСПН“, се очекува управата на Денвер Нагетс да му понуди на српскиот центар петгодишно продолжување на соработката, вредно околу 359,5 милиони долари. Јокиќ има договор со Денвер до 2028 година, но веќе има можност за нова максимална соработка. Доколку потпише четиригодишна екстензија, таа би му донела околу 278 милиони долари, додека со петгодишниот договор би поставил нов рекорд. Доколку не се договори со Нагетс, Јокиќ би можел да стане слободен агент и да потпише нов максимален договор, со што неговата вкупна заработка во кариерата би можела да достигне околу 724 милиони долари.
Факундо Кампацо повторно во дресот на Ц. Звезда?!
Аргентинскиот кошаркар Факундо Кампацо би можел да се врати во Црвена Ѕвезда, според шпанските медиуми. Веста ја сподели на социјалните мрежи новинарот Нако Браво. “Информациите што ми доаѓаат од Србија велат дека Кампацо би можел повторно да го носи дресот на Црвена Ѕвезда“ напиша уредникот на шпанскиот медиум Копе. Кампацо претходно го носеше црвено-белиот дрес […]
SportМурињо децидно му рекол на Камавинга да замине од Мадрид
Жозе Мурињо одлучи да ѝ се „закани“ на големата ѕвезда на Реал Мадрид, која не планира да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Иднината на играчот од средниот ред Камавинга повторно е една од главните теми кога е летниот преоден рок во прашање, откако се појавија информации за неговиот разговор со португалскиот стручњак. Според странските медиуми, Специјалниот одлучил целосно да биде отворен со францускиот репрезентативец и да му објасни каква улога гледа за него во претстојната сезона. Наводно му рекол на Едуардо Камавинга дека не може да очекува голема минутажа и дека во моментов не е меѓу играчите на кои ќе се потпира како на стандардни првотимци. Таквиот разговор би можел да претставува пресвртница во кариерата на 23-годишниот играч од средниот ред, особено затоа што во последните недели сè почесто се споменува можноста за негово заминување од клубот. Сепак, и покрај јасната порака што ја доби од тренерот, Камавинга нема намера да се откаже од борбата за место во тимот. Според изворите, тој сака да остане во клубот и да се обиде да се бори за поголема улога преку тренинзите, пријателските натпревари и настапите кога ќе добие шанса. Тој верува дека неговиот квалитет може да го убеди Мурињо да се премисли…
SportТер Штеген на позајмица во Ајакс
Ајакс ја засили голманската позиција за следната сезона со голманот Марк-Андре тер Штеген од Барселона. Тој во Амстердам доаѓа како позајмен играч за сезоната 2026/27. Новинарот Фабрицио Романо објави дека Ајакс ќе има обврска да плаќа поголем дел од платата на 34-годишниот Германец. Тер Штеген се приклучи на Барселона во 2014 година, а неговиот договор со каталонскиот фудбалски гигант клубот важи до летото 2028 година. Во јануари 2026 година, голманот се пресели во Жирона на позајмица, но по два натпревари заработи повреда на тетивата и го пропушти остатокот од сезоната 2025/26.