klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Промени во распоредот на два натпревари од ЛШ за РК Вардар

Промени во распоредот на два натпревари од ЛШ за РК Вардар
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·05. 08. 2026. 05:04:42

Македонскиот ракометен првак Вардар ги информира навивачите, дека има промени во распоредот во ЕХФ ЛШ. Домашниот натпревар од 2.коло против Нант, што ќе се игра на 16 септември во СЦ „Јане Сандански“, ќе започне во 18:45 часот. Промена има и за гостувањето кај Висла Плоцк во 4. коло. Натпреварот, претходно беше закажан за 15 октомври, но ќе се игра на 14 октомври, со почеток од 18:45 часот. Клубот дополнително ќе ги информира навивачите за сите детали поврзани со билетите и организацијата на домашните натпревари. Останатиот дел од распоредот останува непроменет.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti