Sjeverna Makedonija2531 vijesti
SportБурни реакции откако поранешниот шпански премиер ја нарече француската репрезентација „тим без француски играчи“
Голем број француски и шпански политичари ги осудија расистичките забелешки на поранешниот шпански премиер Маријано Рахој, кој ја нарече француската фудбалска репрезентација „тим без француски играчи“. Поранешниот шпански премиер Маријано Рахој предизвика контроверзии откако напиша во својата колумна за El Debate дека „Франција е врвен тим, но без француски играчи“. Неколку министри во владата на […]
SportСмртни закани за Сорлот: Оди скокни од карпа“, „Ќе те убијам…
Норвешкиот напаѓач Александар Сорлот и неговата девојка добиле многу коментари со омраза, па дури и закани со смрт по елиминацијата на Норвешка од СП. Неколку норвешки навивачи го искажаа својот гнев кон Сорлот поради поразот на Светското првенство. Ова го потврди и сопругата на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Лена Селнес. На Инстаграм, таа сподели голем број коментари и пораки што ги добиле таа и Сорлот. „Те молам, изврши самоубиство, идиоту“, „Кажи му на твојот човек да ја напушти Норвешка и да скокне од карпа“ и „Ќе го убијам“ се избор од многуте коментари и пораки полни со омраза што ги добил парот.
SportМек Грегор: Можам да го опишам овaа само како пекол
Очекуваното враќање на Мек Грегор на борбите, по петгодишна пауза, заврши катастрофално. Конор Мек Грегор мораше да му ја предаде борбата на Макс Холовеј на настанот УФЦ 329 во Лас Вегас, па неговиот спектакуларен камбек се претвори во вистински кошмар. Ирскиот борец се огласи на на социјалната мрежа X, а неговите зборови го потврдија она од што сите се плашеа – дека не е скршено само неговото тело, туку и неговиот дух. Во емотивен пост, тој ги негираше гласините дека влегол во борбата со постоечка повреда. „Главата ми се скрши. Бев скршен. Немав никаква повреда пред борбата. Цело време за време на подготовките, вклучително и во соблекувалната пред борбата, удирав, скокав и се движев нормално. Ова се случи од чист мир“, напиша Мек Грегор, јасно ставајќи до знаење дека повредата била сосема неочекувана. Неговата порака заврши со зборови што ја замрзнуваат крвта и ја откриваат тешката ментална состојба во која се наоѓа: „Јас сум надвор од депресија. Во многу мрачна состојба сум. Можам да ја опишам само како пекол“. Веднаш по борбата, тој беше однесен во болница на детални прегледи, а првичната прогноза воопшто не е оптимистичка. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, набрзо излезе пред медиумите со првите информации. „Претпоставуваме…
ЖРК Астибо нема да игра во Супер лигата
Тимот на Астибо во претстојната сезона нема да игра во Супер женската ракометна лига. Причините за неможноста за настап во елитата, се финансиски. Од раководството на овој тим се огласија со соопштение на социјалните мрежи и ја потврдија веста дека ќе играат во Првата лига. „Почитувани навивачи, пријатели и партнери на РК Астибо, Управата на […]
SportЈан Мадар потпиша за Макаби Тел Авив
Израелскиот плејмејкер Јам Мадар и официјално е нов играч на Макаби Тел Авив, објави клубот. „Среќен сум и возбуден што отворам ново поглавје во кариерата и што му се приклучувам на Макаби Тел Авив. Со нетрпение го очекувам првиот натпревар пред нашите навивачи, како и запознавањето со соиграчите и стручниот штаб. Ветувам дека ќе го давам максимумот на секој тренинг и на секој натпревар за да му помогнам на клубот да ги исполни своите цели. Им благодарам на управата, стручниот штаб и сопствениците за довербата и се надевам дека ќе ја оправдам со моите настапи“, изјави Мадар. Минатата сезона Мадар настапуваше за Хапоел Тел Авив, каде во Евролигата просечно бележеше 3,1 поен, 1,4 асистенции и 1,1 скок по натпревар, а во домашното првенство имаше просек од 15,3 поени и 4,6 асистенции.
Ања Начевска ќе игра во женската НЦАА лига
Една од најталентираните македонски кошаркарки, Ања Начевска, ќе ја продолжи кариерата во СAД. Таа ќе настапува во женската НЦАА лига и ќе игра за Универзитетот Хемптон. Начевска е голем потенцијал на македонската кошарка. Во својата кариера таа тргна преку Вардар каде што од младинските категории стигна до сениорскиот тим. Потоа Македонката се пресели во српскиот […]
SportРио: Англија ќе го освои Свeтското Првенство
Поранешниот англиски дефанзивец, Рио Фердинанд, верува дека англиската репрезентација е подготвена да го освои тековното СП. Англија ќе се соочи со Аргентина во полуфиналето, кое ќе се одржи во среда во Атланта. „Мислам дека сме подготвени за светската титула, да, верувам дека е така. Кога работите ќе се отежнат и ќе тргнат наопаку, Англија е добра во наоѓање решенија. Тоа е како составување сложувалка – покажавме дека можеме да го пронајдеме вистинското парче во вистинско време. Мислам дека тоа е една од нашите предности во однос на другите тимови. Аргентина го направи тоа неколку пати, но мислам дека тие беа поблиску до елиминација од нас“, рече Фердинанд.
SportИбрахимовиќ за Мадуеке: Дури и кабелот од камерата одигра подобар натпревар од него
Златан Ибрахимовиќ во свој стил, шведската легенда се пошегува дека дури и кабелот од „спајдер“ камерата имал подобар настап од крилниот напаѓач на Арсенал. " Паузата за освежување малку ја смени динамиката бидејќи Џуд Белингам беше најактивниот фудбалер на Англија. Но, мислам дека Англија играше со играч помалку додека Мадуеке беше на теренот. Секојпат кога ќе ја добиеше топката носеше погрешна одлука и само се шеташе по теренот“, изјави Ибрахимовиќ за „Фокс Спортс“. Ниту паузата за освежување не му помогна. Англија практично го почна натпреварот со играч помалку. А ако топката навистина го допрела кабелот, тогаш тој кабел сигурно одигра подобар натпревар од Мадуеке“, додаде Швеѓанецот. Ибрахимовиќ беше убеден дека Мадуеке не придонел ништо за играта и уште за време на паузата повика на негова замена. „Да бев јас Тухел, ќе го заменев бидејќи во првите 45 минути не направи апсолутно ништо“, порача Ибрахимовиќ.
SportИнфантино: СП во иднина може да брои 64 репрезентации
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, најави дека Светското првенство во иднина би можело повторно да биде проширено, со можност на најголемата фудбалска сцена да настапуваат дури 64 национални тимови. Првиот човек на светската фудбалска организација откри дека идејата за дополнително зголемување на бројот на учесници „дефинитивно“ треба да биде разгледана по завршувањето на актуелниот Мундијал. Според Инфантино, проширувањето на 64 репрезентации не би значело дополнително оптоварување за тимовите, бидејќи би можел да се врати системот во кој само првите две селекции од секоја група би обезбедувале пласман во следната фаза. Во таков случај би имало 16 групи со по четири репрезентации. „Целиот свет треба да има можност да сонува за настап на Светското првенство, а не само Европа и Јужна Америка“, изјави Инфантино за швајцарскиот медиум „Блу Спорт“. И покрај претходните критики дека зголемувањето на бројот на учесници може да го намали квалитетот на турнирот, Инфантино смета дека актуелниот формат е успешен. " Проширувањето е огромен успех. Може да се види дека квалитетот на репрезентациите е исклучително висок и дека постојано расте низ целиот свет“, порача претседателот на ФИФА. Поради новиот формат, Светското првенство во 2026 година има рекордни 104 натпревари кои се играат во период од пет недели. Доколку…
SportЈаник Синер ја одбрани титулата на Вимблдон
Во машкото финале на Вимблдон, италијанскиот тенисер Јаник Синер на Централниот терен го победи вториот носител, Александер Зверев со 3:1, во сетови 6-7, 7-6, 6-3, 6-4 за три часа и 47 минути игра. Синер со тоа ја освои својата втора титула во Лондон, а петта вкупно на грен слем турнирите во својата кариера, откако претходно двапати го освои Австралија опен и по еднаш САД опен и Вимблдон. Ова беше седмо грен слем финале за Синер и петта победа (поразен во 2025 година на САД опен и Ролан Гарос), додека Зверев го забележа својот четврти пораз во своето петто финале, прво на Вимблдон (САД опен, Австралија опен и Ролан Гарос). Воедно, тоа беше 10 победа во низа за Италијанецот против германскиот тенисер.
SportНа 100 натпревари имаше над 6,5 милиони навивачи на стадионите на Мундијалот
На два дена сме од полуфиналните натпревари на Светското фудбалско првенство, во трката за титулата останаа четири репрезентации: Франција – Шпанија и Аргентина – Англија. Меѓународната фудбалска федерација, ФИФА, уште еднаш се пофали со неверојатната посетеност на стадионите за време на Мундијалот. Досега се одиграни точно 100 натпревари, а четирите клучни се пред нас – … На 100 натпревари имаше над 6,5 милиони навивачи на стадионите на Мундијалот Read More » The post На 100 натпревари имаше над 6,5 милиони навивачи на стадионите на Мундијалот appeared first on Слободен печат.
SportРеал Мадрид постави нов историски рекорд на Светското првенство
Шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид можеби немаше успешна сезона, но нивните играчи испишаа историја на Светското првенство. И покрај фактот дека ниту еден шпански играч од „Кралскиот клуб“ не игра на Светското првенство, странците на Реал доминираат. Џуд Белингам ги предводеше Англичаните до полуфиналето во неделата, а Мбапе веќе е таму со Французите. Двајцата постигнаа … Реал Мадрид постави нов историски рекорд на Светското првенство Read More » The post Реал Мадрид постави нов историски рекорд на Светското првенство appeared first on Слободен печат.