Sport Sjeverna Makedonija
Никола Ѓуретановиќ ќе дебитира во Париз в четврток

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·10. 08. 2026. 19:16:24
Париз ќе биде домаќин на најдобрите пливачи во Европа. Македонија ќе биде претставувана само од еден натпреварувач. 17 годишниот олимпиец Никола Ѓуретановиќ ќе ги брани боите на нашата земја. Тој е пријавен во две трки во дисциплината слободен стил. Според пријавната листа, првиот настап Никола ќе го има во четврток (13 август) во квалификациите на 200 метри, чиј почеток е закажан за 9.30 часот. Во истиот термин (9.30 ч.) во недела (16 август), е закажан почетокот на квалификациите на 400 метри слободно. Целта на Ѓуретановиќ е да ги исплива своите најдобри времиња.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


