Sjeverna Makedonija324 vijesti
RegionГрција на есен ќе биде домаќин на состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“
На есен Грција се очекува да биде домаќин на состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“, а исто така на есен, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис ќе ја продолжи посетата на земјите од регионот – кандидатки за членство во Европската Унија, брифираат високи грчки дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина. Активностите се во пресрет на грчкото претседателство со Европската Унија во втората половина на 2027 година и во тие рамки Герапетритис минатиот месец беше во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а планирано е да ги посети и останатите земји, меѓу кои и нашата, што веројатно ќе се случи на есен. За европската перспектива на Западен Балкан, грчките извори посочија дека Атина инвестира во овој процес и е во редовен контакт и со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас и со еврокомесарката за проширување Марта Кос. Дополнително, нагласија дека во изминатите години постои напредок во процесот на проширување, но и дека европските органи веќе ја препознаваат неопходноста да напредува проширувањето со земјите од Западен Балкан. За време на грчкото претседателство со Европската Унија, потсетија дипломатските извори, една од земјите од регионот, односно Црна Гора, се очекува и официјално да стане членка…
Region„Не сакаме уништување на морето“ – островјаните во Далмација бараат да се преместат кафезите за размножување на туната
Жителите на Капри и Жирје се противат на планираните локации за рибници во близина на нивните острови. Со петиција, а денес и со мирен протест тие побара кафезите да се преместат подалеку од водите на островот, пренесува Индекс. Тие стравуваат од загадување на морето, негативни последици за риболовот и штета на туризмот, од кој живеат … „Не сакаме уништување на морето“ – островјаните во Далмација бараат да се преместат кафезите за размножување на туната Read More » The post „Не сакаме уништување на морето“ – островјаните во Далмација бараат да се преместат кафезите за размножување на туната appeared first on Слободен печат.
RegionПациентка им падна од носилка и умре во болница — суспендирани вработените во Брзата помош во Бачка Паланка
Вработените во Службата за итна медицинска помош на Здравствениот дом Бачка Паланка на кои им падна пациентка од носилка и подоцна почина во болница, се суспендирани од работа додека трае постапката за утврдување на околностите на случајот, соопшти покраинскиот секретар за здравство Милан Попов, пренесува српски „Блиц“. Попов рече дека за настанот дознал на 7 … Пациентка им падна од носилка и умре во болница — суспендирани вработените во Брзата помош во Бачка Паланка Read More » The post Пациентка им падна од носилка и умре во болница — суспендирани вработените во Брзата помош во Бачка Паланка appeared first on Слободен печат.
RegionПретседателот на словенечкиот парламент предлага референдум за членството во НАТО
Претседателот на словенечкиот парламент, Зоран Стевановиќ, предложи одржување референдум за членството на Словенија во НАТО, наведувајќи дека тој би можел да се организира истовремено со локалните избори закажани за 15 ноември, пренесе 24ур. Во видео порака на Икс, Стевановиќ рече дека, поради високите трошоци, на тој ден би можел да се одржи „мега референдум“ покрај … Претседателот на словенечкиот парламент предлага референдум за членството во НАТО Read More » The post Претседателот на словенечкиот парламент предлага референдум за членството во НАТО appeared first on Слободен печат.
RegionКукуноска добитничка на регионалното признание „Women Entrepreneurs of the Year 2026 – Western Balkans“
Членот на Управниот одбор на ССКМ, Марија Кукуноска, добитничка на регионалното признание „Women Entrepreneurs of the Year 2026 – Western Balkans“. М-р Марија Кукуноска, член на Управниот одбор на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) и извршен директор на Premium Safety Solution, е добитничка на престижното регионално признание „Green Woman Entrepreneur 2026“, доделено во рамки на иницијативата „Women Entrepreneurs of the Year 2026 – Western Balkans“, организирана од Советот за регионална соработка (RCC). Признанијата беа врачени минатата недела на свечена церемонија во Сараево, Босна и Херцеговина, при што беа одликувани жени претприемачи кои со својата работа придонесуваат за иновациите, одржливиот развој, креативната индустрија, дигиталната трансформација и економскиот напредок на земјите од Западен Балкан. Годинава признанијата беа доделени во шест категории, а добитничките беа избрани од речиси 180 кандидатки од земјите од регионот. Настанот се одржа во пресрет на Форумот за родова еднаквост во рамки на Берлинскиот процес и обедини претставници на институциите, бизнис-заедницата и меѓународните организации. М-р Кукуноска го доби признанието во категоријата „Green Woman Entrepreneur“, како признание за нејзиниот придонес во развојот на одржливи и одговорни деловни практики преку компанијата Premium Safety Solution, со особен фокус на безбедноста, превенцијата и управувањето со ризици. По повод признанието, Кукуноска истакна…
RegionГолем пожар во Атина, повредни се 11 лица
Во голем пожар што избувна во комерцијална зграда во Аспропиргос во близина на Атина повредени се 11 лица, од кои тројца се тешко повредени и интубирани, соопштија денес грчките власти. Според противпожарната служба, пожарот избувнал во фабрика за резервни делови, објавува Прототема. Шест лица се однесени во болницата Триазио, од... Текстот Голем пожар во Атина, повредни се 11 лица е превземен од А1он.
RegionГрчки воен авион принудно слета на островот Закинтос
Поради дефект, авион Ф-16 на грчкото воено воздухопловство принудно слетал на аеродромот на островот Закинтос, а пилотот е неповреден и во добра здравствена состојба, јави дописничката на МИА од Атина. Од Генералштабот на грчкото воено воздухопловство соопштија дека авионот бил дел од лет за обука, а се истражуваат причините за дефектот. Државната телевизија ЕРТ објави дека воениот авион слетал без да се отворат тркалата за слетување и се лизгал по пистата што поради триењето предизвикало пожар што веднаш бил изгасен од противпожарните сили на аеродромот. (МИА)
RegionВИДЕО | Грчки „Ф-16“ принудно слета на Закинтос, а потоа се запали
Грчки воен авион „Ф-16Ц“ извршил итно слетување на меѓународниот аеродром на Закинтос и се запалил, објавија локалните медиуми. Станува збор за борбен авион на грчкото воздухопловство кој полетал од воздухопловната база „Араксос“ во близина на Патрас. A Hellenic Air Force F-16 made an emergency landing and caught fire at Zakynthos International Airport, western Greece, on … ВИДЕО | Грчки „Ф-16“ принудно слета на Закинтос, а потоа се запали Read More » The post ВИДЕО | Грчки „Ф-16“ принудно слета на Закинтос, а потоа се запали appeared first on Слободен печат.
RegionАлбанија им забрани влез на десетици лица од Македонија поради антивладини протести во Тирана
Албанските власти им забраниле влез на повеќе десетици лица од Македонија кои, според информациите во дел од албанските медиуми, планирале да присуствуваат на антивладините протести во Тирана. Според објавените информации, на таканаречената „црна листа“ на Албанија се нашле повеќе од 60 лица поврзани со коалицијата ВЛЕН, која е дел од владејачкото мнозинство во Македонија. Меѓу лицата на кои, според медиумските наводи, им бил ограничен влезот се пратеникот Аднан Азизи од ВЛЕН, Беким Ќоку, кој се поврзува со движењето „Ветевендосје“ и ВЛЕН, поранешниот министер за европски прашања Хасим Муртезани, како и општински советници и други јавни личности. Албанскиот премиер Еди Рама претходно изјави дека на антивладините протести во земјата се приклучиле „платени платеници“ од Косово и Македонија, без да наведе конкретни имиња. Од засега нема официјална потврда од албанските институции за причините поради кои на овие лица им бил одбиен влезот во земјата, ниту детали за евентуалните мерки што биле преземени, Случајот предизвика реакции во политичките кругови, а се очекуваат дополнителни информации од надлежните институции
RegionВИДЕО | Серискиот убиец од Кумановско е единствениот во регионот што убивал поради некрофилија, тврди обвинителот
Заврши првото судско рочиште каде на обвинителна клупа седна 25-годишниот Трајко Бојковски. Обвинет е дека убил 4 жени во Кумановскиот регион во период од повеќе од една година, а обвинителството тврди дека главниот мотив бил некрофилија, односно да ги задоволи ниските страсти врз мртви тела. Следното рочиште е закажано за 31 август во Кумановскиот кривичен … ВИДЕО | Серискиот убиец од Кумановско е единствениот во регионот што убивал поради некрофилија, тврди обвинителот Read More » The post ВИДЕО | Серискиот убиец од Кумановско е единствениот во регионот што убивал поради некрофилија, тврди обвинителот appeared first on Слободен печат.
RegionЕпидемија на мали сипаници во Бугарија: Заразени 446 лица, повеќето од нив деца
Бугарија се соочува со епидемија на мали сипаници, при што досега се регистрирани 446 заболени, од кои дури 368 се деца, покажуваат најновите податоци на бугарското Министерство за здравство, пренесува порталот Novinite. Според официјалните информации, случаите се евидентирани во 11 области, а најголем број заразени има во Враца, каде што се регистрирани повеќе од 220 случаи. Значителен број заболени има и во областите Плевен и Ловеч. Заразени лица се пријавени и во Монтана, Софија и Софиската област, Варна, Русе, Видин, Перник и Трговиште. Од вкупниот број заболени, 228 лица не биле вакцинирани против морбили поради возраста или други причини, додека за 37 лица не е познат нивниот вакцинален статус. Од почетокот на ширењето на болеста, здравствените власти во Бугарија аплицирале 48.826 дози од вакцината против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР). Морбилите се високо заразна вирусна болест, а вакцинацијата против неа е задолжителна во Бугарија. Имунизацијата се спроведува на возраст од 13 месеци, со ревакцинација по навршени 12 години, а вакцината е бесплатна за граѓаните.
RegionОсум земји го блокираа отворањето нов кластер за Србија, меѓу нив Бугарија и Хрватска
Србија ги обвини Бугарија и Хрватска дека го блокираат нејзиниот пат кон понатамошна интеграција во Европската Унија, а медиуми блиски до претседателот Александар Вучиќ овој потег го опишаа како „предавство“ од соседните земји, објави „Новините“. Според српските медиуми, Бугарија и Хрватска биле меѓу неколкуте земји-членки на ЕУ кои се спротивставиле на отворањето на следната фаза … Осум земји го блокираа отворањето нов кластер за Србија, меѓу нив Бугарија и Хрватска Read More » The post Осум земји го блокираа отворањето нов кластер за Србија, меѓу нив Бугарија и Хрватска appeared first on Слободен печат.