Svijet9345 vijesti
Svijet(ВИДЕО) Вучиќ ги претстави пријателите Драгутин и Милутин: Играат „Моравац“ подобро од мене!
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги претстави на јавноста роботите – Милутин и Драгутин, кои ги опиша како „српски роботи“ облечени во национални носии и со „шајкачи“ на главите. @jasamaleksandar Moravac? Roboti su bolji od mene, mnogo… #srbija🇷🇸 #jasamaleksandar #srbijapobedjuje #beograd #buducnostsrbije ♬ original sound – Ja sam Aleksandar Како што... Текстот (ВИДЕО) Вучиќ ги претстави пријателите Драгутин и Милутин: Играат „Моравац“ подобро од мене! е превземен од А1он.
SvijetЕвропскиот топлотен бран се сели на исток
Топлотниот бран што со денови ги погодуваше Шпанија, Франција и Обединетото Кралство сега се движи кон исток. Метеоролозите во Германија и Чешка издадоа предупредувања за екстремни временски услови, а во делови од Германија температурите може да достигнат и до 40 степени Целзиусови, објави Би-би-си. Во Франција, премиерот Себастијан Лекорну соопшти дека нивото на здравствено предупредување … Европскиот топлотен бран се сели на исток Read More » The post Европскиот топлотен бран се сели на исток appeared first on Слободен печат.
SvijetТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ ПРЕД СУД: Родителите бараат вистина за „Пулс“, одбраната бара изземање на обвинителката
На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани обвинителите ги изнесоа доказите против обвинетите од Министерството за економија, кои од 2012 до март 2024 давале лиценци за угостителска дејност за објектот, и тоа лиценци за кабаре, иако, како што беше посочено, во континуитет формално и суштински не постоеле услови и не биле исполнети минималните технички услови за работа на објектот....
Малолетничка тешко повредена по пад од четирицикл
МВР информира дека вчера во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го уапсиле И.П.(20) од село… The post Малолетничка тешко повредена по пад од четирицикл appeared first on Fokus.mk.
SvijetОд милионерски луксуз до затворска ќелија: ЛЕКЦИЈАТА ШТО ЈА НАУЧИ ЗА 1,6 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
Австралиец кој имал пристап до неограничена количина пари благодарение на грешка на банкомат, откри како потрошил 1,6 милиони долари на вечери, забави и луксузен живот, пред да го стигне чувството на вина и да го натера да ѝ се предаде на полицијата....
SvijetДва последователни земјотреси во Венецуела – голем број загинати и повредени, бројките растат секоја минута
Само за 39 секунди животот на илјадници се промени засекогаш. Два силни последователни земјотреси ја погодија Венецуела и предизвикаа вистински хорор. Првиот со магнитуда 7,5, а само 39 секунди подоцна нов од 7,2 по Рихтер. Двата силни земјотреси ја претворија секојдневната рутина во хорор – урнати згради и непрекината потрага по преживеани. Земјотресот зад себе остави над 160 мртви и стотици повредени, а бројките постојатно растат. Американскиот геолошки иститут направил проценка дека бројот на жртви би можело да надмине 10.000, затоа што илјадници луѓе се уште се водат како исчезнати а многу згради се урнати. Снимките сведочат за драматичните моменти кога земјата се тресела. Хоророт се случил 18.05 часот по венецуелско локално време. Франко Родригес е еден од преживеаните. Во моментот на земјотресот тој се наоѓал во трговски центар кој претрпел сериозно оштетување. Раскажува дека првите секунди од хаосот биле исполнети со шок и неизвесност од нареден. „Ги имав ставено слушалките, слушав музика и одеднаш луѓето замрзнаа, не можевме ништо да почувствуваме. Беше како моментална состојба на шок која траеше околу пет секунди. Изгледаше како некои луѓе веќе да добиле аларми за предупредување и не знаеја што се случува, не можевме да го почувствуваме земјотресот. Веднаш по тоа го почувствувавме…
SvijetДуел со квалификации меѓу Филипче и Мицкоски на пратенички прашања
Вербален дуел меѓу опозицискиот лидер Филипче и премиерот Мицкоски на седницата за пратенички прашања по повод половината од мандатот на Владата. Додека Филипче и Мицкоски си разменуваа квалификации, пратениците со довикувања и аплаузи ги бодреа своите лидери. „Ќе излезете ли и ќе им кажете на граѓаните, отворено и искрено, дека потфрливте и дека ништо од ветувањата не исполнивте? Вашиот резултат по две години е една голема нула – нула за реформи, за зголемување на платите, за мерки за младите, за поддршка на земјоделците, нула за европскиот пат. И сега моето прашање е просто и едноставно – кој е виновен за овие неисполнети ветувања? Кој е виновен, премиере, за овие две изгубени години? Половина мандат помина. Ќе излезете ли и ќе им кажете на граѓаните, отворено и искрено, дека потфрливте и дека ништо од овие ветувања не исполнивте?“ „Велите дека секој трет човек планира да ја напушти Македонија, но знаете ли зошто? Затоа што ве гледаат вас во Дубаи како уживате на концерт на Харис Џиновиќ, а не сте во затвор. Затоа што гледаат како поранешни функционери уживаат на јахти, а не се во затвор и не даваат одговор зошто се таму. Е, затоа се разочарани луѓето. Кога ќе ве видат…
SvijetПет дена до рокот: Собранието во трка да ги изгласа законите од реформската агенда
Во следните 5 дена македонскиот парламент треба да ги донесе сите закони од реформската агенда за да се стигне со рокот кој го постави Брисел , 30 јуни. Собранискиот спикер Гаши очекува на седници до понеделник да поминат сите законски решенија и да се постигне политички договор за Изборниот законик, а од тоа зависи и исполнувањето на Планот за раст. Дел од законите се во второ читање и амандманска расправа пред конечно гласање на пленарна седница. На матичната комисија за полиички систем денеска заврши амандманската расправа за предлог законот за Совет на јавни обвинители. Опозицијата бараше јасни рокови и начин на селекција на канцидатите, но беа одбиени од предлагачот. Најтешка точка за решевање е Изборниот законик за кој е потребен политички консензус. Иако беше најавено дека денеска треба целосно да биде постигнат договор, работната група која работи на измените се уште не може да фи испегла разликите за неколку точки. Пратениците кои денеска беа на состанокот не откриваат детали каде се кршат копјата. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Пет дена до рокот: Собранието во трка да ги изгласа законите од реформската агенда Категорија: Македонија Новинар: Ивана Соколовиќ Најдовa
SvijetНема договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за промена на ресори, разговорите продолжуваат
Нема договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за најавената реконструкција на Владата, откако вчерашната средба на партнерите заврши без конечен епилог за прераспределба на министерските фотелји. Иако според неофицијалните информации, Игор Филков треба да го напушти ресорот правда за тој да му припадне на Вреди, додека ЗНАМ како компензација би го преземал земјоделие, нема конечен договор. Од партијата официјално потврдуваат дека разговорите продолжуваат. Договор не е постигнат. Разговорите продолжуваат, континуирано се прават консултации, а деталите што е ставено на маса остануваат во рамки на преговарачките тимови. Очекуваме до средината на следната недела да има конечен договор, ако има евентуална смена на ресори и министри, велат од ЗНАМ. Доколку се остварат неофицијалните информации, претстојната реконструкција ќе биде длабок кадровски рез кој би зафатил повеќе од една третина од владиниот состав. На излезна врата од извршната власт неофицијално се министрите за спорт и за култура, Борко Ристевски и Зоран Љутков, а на нивно место би дошле кадри на ВРЕДИ. Дополнително ВМРО-ДПМНЕ би го отстапило и министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, за да ги добие здравство, социјална политика и евроинтеграции. Единствен кој би можел да се спаси од целосно заминување е Беким Сали, за него се предвидува внатрешна ротација, односно преземање…
SvijetНајмалку 164 загинати и над 11.000 исчезнати по катастрофалниот земјотрес во Венецуела
Бројот на исчезнати по катастрофалните земјотреси што ја погодија Венецуела продолжува да расте, додека спасувачките екипи дење и ноќе бараат преживеани под урнатините. Според најновите податоци, повеќе од 11.000 луѓе се пријавени како исчезнати преку платформа лансирана од опозициска политичка група, која ги повикува граѓаните да ги пријават членовите на... Текстот Најмалку 164 загинати и над 11.000 исчезнати по катастрофалниот земјотрес во Венецуела е превземен од А1он.
Svijet„Мислам дека банките ќе одговорат на сентиментот на јавноста“ – Славески за најавените провизии на банките
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески се надева дека банките што најавија зголемување на провизиите ќе ги преиспитаат ваквите одлуки и ќе им излезат во пресрет на граѓаните. На денешната собраниска седница за пратенички прашања, Славески во одговор на прашање поставено од Јован Митрески од СДСМ, рече дека неговиот личен став е дека не постои … „Мислам дека банките ќе одговорат на сентиментот на јавноста“ – Славески за најавените провизии на банките Read More » The post „Мислам дека банките ќе одговорат на сентиментот на јавноста“ – Славески за најавените провизии на банките appeared first on Слободен печат.
SvijetРКЕ размислува за проширување на евтината тарифа во сабота и ревизија на блок-тарифите
Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, најавува и можно проширување на евтината тарифа во... The post РКЕ размислува за проширување на евтината тарифа во сабота и ревизија на блок-тарифите appeared first on 360 степени.