klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Нема договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за промена на ресори, разговорите продолжуваат

Нема договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за промена на ресори, разговорите продолжуваат
Foto: Sitel
Sitel·nenad.boskovski·25. 06. 2026. 14:31:36

Нема договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за најавената реконструкција на Владата, откако вчерашната средба на партнерите заврши без конечен епилог за прераспределба на министерските фотелји. Иако според неофицијалните информации, Игор Филков треба да го напушти ресорот правда за тој да му припадне на Вреди, додека ЗНАМ како компензација би го преземал земјоделие, нема конечен договор. Од партијата официјално потврдуваат дека разговорите продолжуваат. Договор не е постигнат. Разговорите продолжуваат, континуирано се прават консултации, а деталите што е ставено на маса остануваат во рамки на преговарачките тимови. Очекуваме до средината на следната недела да има конечен договор, ако има евентуална смена на ресори и министри, велат од ЗНАМ. Доколку се остварат неофицијалните информации, претстојната реконструкција ќе биде длабок кадровски рез кој би зафатил повеќе од една третина од владиниот состав. На излезна врата од извршната власт неофицијално се министрите за спорт и за култура, Борко Ристевски и Зоран Љутков, а на нивно место би дошле кадри на ВРЕДИ. Дополнително ВМРО-ДПМНЕ би го отстапило и министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, за да ги добие здравство, социјална политика и евроинтеграции. Единствен кој би можел да се спаси од целосно заминување е Беким Сали, за него се предвидува внатрешна ротација, односно преземање…

Izvor: Sitel. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti