Svijet10010 vijesti
SvijetВиделотарија Касинос Австрија со донација за ТППЕ Кочани
Со поддршката од Видеолотарија Касинос Австрија ќе се овозможи набавка на специјализирано возило за пристап до тешко достапни и опожарени терени, како и набавка на комплети лична заштитна опрема за пожарникарите. Опремата вклучува заштитни одела, заштитни ракавици, заштитни чевли за работа на високи температури, шлемови и друга неопходна опрема за безбедно и ефикасно дејствување на терен. Донацијата ќе придонесе за зајакнување на капацитетите на ТППЕ Кочани, овозможувајќи побрза реакција при интервенции, поголема безбедност за пожарникарите и поефикасен транспорт на луѓе и опрема до местата каде што е потребна помош. Од Општина Кочани изразија искрена благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за поддршката и донираните средства, нагласувајќи дека ваквите општествено одговорни иницијативи имаат значајна улога во унапредувањето на безбедноста и подготвеноста на службите кои секојдневно се грижат за заштита на граѓаните и нивниот имот. Со оваа донација, Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон поддршка на локалните заедници и иницијативите што придонесуваат за поголема безбедност, заштита на граѓаните и зачувување на животната средина.
SvijetОд март се враќа задолжителниот воен рок во Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека во март следната година повторно ќе се воведе задолжителниот воен рок, пренесува „Н1“. Тој тоа го соопшти за време на обиколка на воената опрема на аеродромот „Миленко Павловиќ“ во Батајница, во близина на Белград. „Пред тоа ќе се спроведат соодветните бирократски процедури, а во март започнуваме со […]
SvijetЏозеф: ЕУ не смее да врши притисок врз Скопје без гаранции дека нема да следуваат нови барања
„Ова е уште една грешка на Европската Унија. Не треба да се врши притисок врз Скопје да спроведе договор за кој не постои никаква гаранција дека Софија ќе го почитува во неговиот дух и дека нема повторно да поставува нови идентитетски барања“, истакна Џозеф. Тој нагласи дека постојат и други можности за надминување на ваквите ситуации во рамките на институционалните механизми на Европската Унија, посочувајќи дека решенија се можни доколку постои политичка волја. „Бугарија може да излезе од просторијата како што Унгарија излезе од просторијата кога се одлучуваше за Украина“, подвлече тој. На истиот панел, министерот Тимчо Муцунски посочи дека, според 26 земји членки и институциите на Европската Унија, Македонија има две основни обврски за отворање на пристапните преговори: уставните измени и исполнувањето на т.н. отворачки критериуми. Истовремено, нагласи дека една земја членка инсистира и на дополнителен сет билатерални барања, кои вклучуваат прашања поврзани со националната историја, како и други области што, според него, не се дел од европското законодавство и критериумите за членство.
SvijetПонекогаш зборовите не се доволни – јавноста се простува од Владо Јаневски
Познаници, пријатели, колеги, но и политичари од вчера, со објави на социјалните мрежи, се простуваат од Владо... The post Понекогаш зборовите не се доволни – јавноста се простува од Владо Јаневски appeared first on 360 степени.
SvijetДимитриевски демантира дека ЗНАМ се распаѓа: „Салите се премали да ги примат сите заинтересирани граѓани“
По најновите обвинувања од СДСМ, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, во изјава за медиумите порача дека… The post Димитриевски демантира дека ЗНАМ се распаѓа: „Салите се премали да ги примат сите заинтересирани граѓани“ appeared first on Fokus.mk.
SvijetОд 1 јули до 31 август забранeтo е движењето во шумите без дозвола
Од 1 јули до 31 август забрането е движењето во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“, поради зголемената опасност од шумски пожари. Забраната важи во текот на целиот ден на сите површини под управување на претпријатието. Од забраната се исклучени припадници на надлежните институции, шумарските служби, како и лицата кои ќе поседуваат писмено одобрение издадено од надлежните подружници на ЈП „Национални шуми“. За спроведување на мерката задолжено е јавното претпријатие „Национални шуми“, Шумската полиција, Државниот инспекторат за шумарство и ловство и Министерството за внатрешни работи. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство појаснуваат дека забраната не се однесува автоматски на парк-шумите, како Водно, ниту на националните паркови, за кои важат посебни правила. Граѓаните се повикуваат да се информираат кај надлежните управувачи пред да планираат движење во овие подрачја.
SvijetПочина режисерот Сашо Миленковски
На 62-годишна возраст почина режисерот Сашо Миленковски – еден од најистакнатите театарски творци и влијателно име во… The post Почина режисерот Сашо Миленковски appeared first on Fokus.mk.
SvijetСРЕДНОШКОЛЦИ ВО МИСИЈА НА АРКТИКОТ - Русија го отвора „нуклеарниот замок“ за тинејџери
Околу 5.000 ученици на возраст од 14 до 16 години од 22 земји ширум светот, вклучувајќи ја и Србија, влегоа во жестока трка за уникатна награда – патување на Арктикот. Во ова меѓународно натпреварување, младите умови од Бразил и Кина, па сè до Јужноафриканската Република, ги одмерија своите сили, додека рекорден број пријави оваа година пристигнаа од Казахстан, Киргистан и Белорусија....
SvijetПоради сообраќајка затворена клучката кон аеродромот од правец на Скопје
Патниците кои денеска патуваат од Меѓународниот аеродром Скопје треба да тргнат значително порано од планираното, бидејќи поради сообраќајна незгода е затворен главниот приод кон аеродромот од правецот на Скопје. Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека од 06:06 часот во прекин е сообраќајот на автопатот Куманово – Велес, кај клучката „Меѓународен аеродром Скопје“, односно на исклучокот од Скопје кон аеродромот. Поради тоа, целиот сообраќај се пренасочува преку клучката Рафинерија кај Миладиновци, од каде возачите повторно треба да се вклучат кон аеродромот. Оваа информација е особено важна за патниците кои доаѓаат од Скопје, но и за големиот број граѓани од Косово кои го користат скопскиот аеродром, бидејќи алтернативната рута може да предизвика дополнителни задржувања и ризик од доцнење на летовите. Од ТАВ Македонија потврдуваат дека поради незгодата е изменет режимот на сообраќај кон терминалната зграда. -Сите возила се пренасочуваат по алтернативен правец, а патниците и посетителите треба да го користат излезот што води кон стариот влез на аеродромот, односно кон старата аеродромска зграда, информираат од аеродромскиот оператор. Оттаму апелираат патниците внимателно да ги следат упатствата на надлежните служби и да предвидат дополнително време за пристигнување на аеродромот, сè до целосно нормализирање на сообраќајот. Засега нема информации кога сообраќајот на главниот приод кон…
SvijetСообраќајка го отежна пристапот до скопскиот Аеродром, сообраќајот се пренасочува
Поради сообраќајна незгода, од 06:06 часот утринава е во прекин сообраќајот на автопатот Куманово – Велес, кај… The post Сообраќајка го отежна пристапот до скопскиот Аеродром, сообраќајот се пренасочува appeared first on Fokus.mk.
SvijetУкраина: „Русија не постигна ниту една воена цел“
Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Георгиј Тихи, изјави денеска дека Русија, во текот на повеќе од четири години инвазија од големи размери, нема постигнато ниту една цел, изгубила 1,3 милиони луѓе, а руското напредување е целосно запрено. Според неговите зборови, тврдењата на Кремљ за наводно неизбежната победа се во спротивност со реалната состојба […]
SvijetЗошто клима-уредите сѐ уште се реткост во Европа?
Бруталните топлотни бранови доаѓаат сè почесто во Европа, оставајќи милиони луѓе да се борат за да се приспособат на рекордно високите температури. Сепак, климатизацијата е многу ретка во европските домови, па многумина се справуваат со жештината со помош на електрични вентилатори, пакувања со мраз и ладни тушеви. Но Европа не се справува со топлината на ист начин како историски потоплите САД. Додека речиси 90 отсто од домаќинствата во САД имаат климатизација, во Европа имаат само околу 20 отсто. Многумина се прашуваат зошто богатите европски земји се двоумат да воведат климатизација, а одговорот главно се должи на тоа што многу европски земји историски имале мала потреба од ладење, особено на северот на континентот. Топлинските бранови отсекогаш се случувале, но ретко достигнувале продолжени високи температури какви што Европа сега редовно ги трпи, пренесе НОВА МАКЕДОНИЈА. – Во Европа едноставно немаме традиција за климатизација бидејќи до релативно неодамна, тоа не беше голема потреба – вели Брајан Мадервеј, раководител на Канцеларијата за енергетска ефикасност и инклузивни транзиции во Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Ова значеше дека клима-уредот традиционално се сметаше за луксуз, а не за неопходност, особено затоа што инсталирањето и неговата работа можеа да бидат скапи. Трошоците за енергија во многу европски земји…