klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Виделотарија Касинос Австрија со донација за ТППЕ Кочани

Виделотарија Касинос Австрија со донација за ТППЕ Кочани
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·29. 06. 2026. 08:00:07

Со поддршката од Видеолотарија Касинос Австрија ќе се овозможи набавка на специјализирано возило за пристап до тешко достапни и опожарени терени, како и набавка на комплети лична заштитна опрема за пожарникарите. Опремата вклучува заштитни одела, заштитни ракавици, заштитни чевли за работа на високи температури, шлемови и друга неопходна опрема за безбедно и ефикасно дејствување на терен. Донацијата ќе придонесе за зајакнување на капацитетите на ТППЕ Кочани, овозможувајќи побрза реакција при интервенции, поголема безбедност за пожарникарите и поефикасен транспорт на луѓе и опрема до местата каде што е потребна помош. Од Општина Кочани изразија искрена благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за поддршката и донираните средства, нагласувајќи дека ваквите општествено одговорни иницијативи имаат значајна улога во унапредувањето на безбедноста и подготвеноста на службите кои секојдневно се грижат за заштита на граѓаните и нивниот имот. Со оваа донација, Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон поддршка на локалните заедници и иницијативите што придонесуваат за поголема безбедност, заштита на граѓаните и зачувување на животната средина.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti