Svijet10216 vijesti
SvijetДимитриеска-Кочоска: Исполнети чекорите од Реформската агенда посветени на транспарентност, отчетност и подобро управување со јавните финансии
Министерството за финансии постигна значителен напредок во имплементацијата на Реформската агенда 2024–2027, со силен фокус на транспарентност, отчетност и подобрено управување со јавните финансии. Реформи коишто ги спроведе се клучни за зајакнување на капацитетот на државата ефикасно да апсорбира, односно да обезбедува и управува со средствата од ЕУ. Министерството за финансии има исполнето осум чекори, од вкупно 22 чекори коишто ги исполни земјава и кои резултираа со одобрување на 142,1 милион евра во рамки на Реформската агенда. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на работен брифинг со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, посветен на реализацијата на Реформската агенда и приоритетите во процесот на европската интеграција на државата истакна дека Инструментот за реформи и раст е клучен двигател на реформите коишто ќе ги зајакнат јавните институции, ќе го подобрат управувањето, ќе поттикнат економски раст и ќе го забрзаат нашиот пат кон членство во Европската Унија. При тоа, потенцира дека посветеноста на Европската Комисија во поддршката на нашите реформски напори преку редовни мониторинг состаноци и обезбедување техничка помош помага да напредуваме во клучните политички области. Како дел од Реформската агенда Министерството за финансии исполни чекор којшто се однесуваше на зајакнувањето на јавната внатрешна финансиска контрола, со усвојувањето на Законот за јавна…
SvijetПУТИН ЌЕ НАПАДНЕ ОД БЕЛОРУСИЈА? - планови за итен пад на Киев!
Главниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, во интервју за украинската телевизија „ТСН“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му наложил на рускиот Генералштаб да ги пресмета различните опции за спроведување на офанзивна операција, вклучително и од белоруска територија, со цел заземање на Киев и на други области....
Svijet„Еко-свест“: Депониите на „Осломеј“ содржат опасни метали кои продираат во почвата и во подземните води
Термоелектраната „Осломеј“ во кичевскиот регион е втор по големина електроенергетски капацитет во државата. Произведува струја од 1980 годинa, но е застарен капацитет чие производство ги чини скапо луѓето и животната средина, реагираат од еколошката организација „Еко-свест“. Оттаму посочуваат дека, со децении работа, „Осломеј“ оставила и огромни депонии со пепел и јаловина, кои според еко-активистите се … „Еко-свест“: Депониите на „Осломеј“ содржат опасни метали кои продираат во почвата и во подземните води Read More » The post „Еко-свест“: Депониите на „Осломеј“ содржат опасни метали кои продираат во почвата и во подземните води appeared first on Слободен печат.
SvijetРегистрирани 911 дивоградби во 2025 година
Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, објави Државниот завод за статистика. Најмногу бесправно изградени објекти, 169, (18.6 проценти) се за домување. Од нив 128 се исклучиво станбени, 24 претежно станбени, а 17 за одмор и рекреација. Бесправно се изградени и 164 огради (18 проценти), 116 деловни објекти (12.7 проценти), 113 натстрешници (12.4 […]
SvijetРусија затвори седум железнички гранични премини со Финска, со Латвија и со Естонија
Русија синоќа соопшти дека привремено ќе ги затвори премините на седум железнички гранични премини на границите со Финска, со Латвија и со Естонија, пренесува „Киев пост“. Во владината одлука се наведува дека мерката ќе го запре движењето на луѓе, возила, на стоки и на товар преку засегнатите железнички премини, почнувајќи од денеска. На Министерството за … Русија затвори седум железнички гранични премини со Финска, со Латвија и со Естонија Read More » The post Русија затвори седум железнички гранични премини со Финска, со Латвија и со Естонија appeared first on Слободен печат.
SvijetШпанија го заврши вториот најтопол јуни досега со речиси 900 смртни случаи од топлина
Шпанската метеоролошка агенција Aemet вели дека јуни бил „екстремно жежок“, втор најтопол од 1961 година. Се проценува дека топлотниот бран предизвикал речиси 900 смртни случаи, според системот за следење на MoMo. Шпанија го заврши јуни како втор најтопол досега, според привремените податоци од Државната метеоролошка агенција (Aemet). Агенцијата го опиша месецот како „екстремно жежок“, категорија […]
SvijetУпотребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година
Во првиот квартал од 2026 година, плаќањата со платни налози на граѓаните бележат раст од 10,3% кај бројот и 14,6% кај вредноста на извршените платежни трансакции. Значителен е растот на електронските плаќања, и тоа за 21,9% кај трансакциите и за 23% кај вредноста, во споредба со истиот период од 2025 година. Најголемиот број од платежните трансакции иницирани по електронски пат во анализираниот период се извршени преку мобилни апликации (72,8%), при евидентиран годишен раст од 25,9%, што потврдува дека употребата на мобилниот телефон преовладува, како најбрз и наједноставен начин на плаќање. Натамошни позитивни движења има и кај плаќањата со платежни картички. Бројот на плаќањата со картички е поголем за 12,2%, а нивната вредност за 14,5%. Растот кај бројот на плаќањата произлегува пред сѐ од платежните трансакции направени преку интернет (18,7%), како и од плаќањата на физичките места на продажба (11,7%). Растот на дигиталните плаќања се должи и на воведувањето нови платежни решенија од страна на банките, со кои на граѓаните им се овозможува поедноставно и побрзо плаќање преку мобилни уреди, без употреба на физичка платежна картичка. Дигитализираните картички учествуваат со 17,9% во вкупниот број издадени платежни картички во земјата, а преку секоја дигитализирана картичка се извршени, во просек, 4 трансакции со…
Svijet„Вози одморен“: Уморот и високите температури се сериозна опасност за возачите
Со почетокот на летните одмори и зголемената фреквенција на патиштата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја најавува летната превентивна кампања „Вози одморен“. Портпаролот на РСБСП, Дејан Андоновиќ, во гостување на „Newsmax Balkans“ посочи дека летните месеци носат дополнителни ризици за сите учесници во сообраќајот – возачи, мотоциклисти, велосипедисти, корисници на тротинети и пешаци. Според него, уморот е една од најголемите опасности за возачите кои патуваат на подолги релации. Затоа, граѓаните треба да тргнуваат на пат одморени, концентрирани и со целосно технички исправно возило. „Возете два часа, одморете, напијте се вода, кафе, протегнете ги нозете и потоа продолжете“, порача Андоновиќ, нагласувајќи дека возењето три или повеќе часа без пауза може сериозно да ја намали концентрацијата. Тој предупреди дека високите температури, гужвите и нервозата дополнително влијаат врз однесувањето во сообраќајот. Како што рече, „гужвата не е изговор за неотдоворност и нервоза“. Од РСБСП апелираат пред секое патување да се проверат моторот, маслото, течностите, сопирачките и пневматиците, бидејќи летните горештини и жешкиот асфалт дополнително го оптоваруваат возилото. Андоновиќ потсети дека одговорноста важи подеднакво и за кратки и за долги релации. Без разлика дали се патува до блиска дестинација во Македонија или надвор од државата, возачите мора да ги почитуваат правилата…
SvijetЖЕЛЕЗНА ЗАВЕСА НА ИСТОКОТ - Русија ги затвори границите, балтичките земји редат „змејски заби“ и бункери!
Русија од 1 јули ги затвора сите железнички гранични премини кон Финска, Естонија и Латвија, со што привремено се обуставува сообраќајот на седум железнички премини по должината на нејзината северозападна граница....
SvijetТошковски и Дачиќ на Табановце ќе промовираат кампања „Вози одморен“
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска ќе го посети Граничниот премин Табановце. Како што информираат од МВР, Тошковски заедно со министерот за внатрешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ на Табановце ќе ја промовираат летната превентивна кампања „Вози одморен“.
SvijetНетанјаху нареди целосно уништување на инфраструктурата на Хезболах
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ наложи на армијата да ја уништи инфраструктурата на шиитската милиција Хезболах, поддржана од Иран, во јужен Либан, наведе синоќа владината прес-служба, пренесува ДПА. За време на посетата на трупите, Нетанјаху се осврна на сите надземни и подземни објекти што милицијата ги користела за напади врз Израел, како што се тунелите. „Ова е наредбата: не оставајте ништо зад себе, а вие го правите тоа“, рече Нетанјаху. Дополнително, војниците треба веднаш да дејствуваат ако идентификуваат закана за нивните животи, рече Нетанјаху. Тој, исто така, ја отфрли можноста за повлекување на армијата од граничната област сè додека Хезболах не биде целосно разоружан и повеќе не претставува закана за Израел. Нетанјаху го опиша Хезболах како најважната врска во оската на сојузниците на Иран. Според него, околу осум отсто се останати од тоа што некогаш биле 150.000 ракети и проектили. Тој, исто така, рече дека Израел убил околу 9.000 „терористи“ во Либан. Најважната мерка била да се создадат тампон и безбедносни зони помеѓу Хезболах и северен Израел. Либанската влада и Хезболах ја опишуваат „безбедносната зона“ еднострано наредена од Израел како окупација што го крши меѓународното право. Според географските пресметки на либанските медиуми, областа контролирана од Израел во јужен Либан опфаќа…
SvijetВо Европа и во светот се враќаат книгите во училиштата
Многу прашања се поставуваат за тоа зошто повеќе европски и светски влади планираат во училиштата да ги вратат книгите, а да се забранат мобилните телефони, некои и социјалните мрежи за децата или забрана на вештачката интелигенција (ВИ) и слично. Така, чешката влада поднесува закон за забрана на употреба на мобилните телефони во училиштата од септември … Во Европа и во светот се враќаат книгите во училиштата Read More » The post Во Европа и во светот се враќаат книгите во училиштата appeared first on Слободен печат.