Димитриеска-Кочоска: Исполнети чекорите од Реформската агенда посветени на транспарентност, отчетност и подобро управување со јавните финансии

Министерството за финансии постигна значителен напредок во имплементацијата на Реформската агенда 2024–2027, со силен фокус на транспарентност, отчетност и подобрено управување со јавните финансии. Реформи коишто ги спроведе се клучни за зајакнување на капацитетот на државата ефикасно да апсорбира, односно да обезбедува и управува со средствата од ЕУ. Министерството за финансии има исполнето осум чекори, од вкупно 22 чекори коишто ги исполни земјава и кои резултираа со одобрување на 142,1 милион евра во рамки на Реформската агенда. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на работен брифинг со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, посветен на реализацијата на Реформската агенда и приоритетите во процесот на европската интеграција на државата истакна дека Инструментот за реформи и раст е клучен двигател на реформите коишто ќе ги зајакнат јавните институции, ќе го подобрат управувањето, ќе поттикнат економски раст и ќе го забрзаат нашиот пат кон членство во Европската Унија. При тоа, потенцира дека посветеноста на Европската Комисија во поддршката на нашите реформски напори преку редовни мониторинг состаноци и обезбедување техничка помош помага да напредуваме во клучните политички области. Како дел од Реформската агенда Министерството за финансии исполни чекор којшто се однесуваше на зајакнувањето на јавната внатрешна финансиска контрола, со усвојувањето на Законот за јавна…


