Svijet5469 vijesti
СЛИКА ОД ПЕКОЛОТ НА КУБА: 10 милиони луѓе без струја, вода и телефонски врски!
Кубанската национална електроенергетска мрежа доживеа колапс доцна во неделата, соопшти државната електроенергетска компанија, наведувајќи дека околу 10 милиони жители на оваа островска земја се во мрак. Компанијата Union Electrica de Cuba не изнесе дополнителни детали во своите објави на социјалните мрежи Х и Фејсбук, пренесува Ројтерс....
Црна Гора на листата на Форбс за најдобри места за американските пензионери во 2026 година
Црна Гора се најде на листата на Форбс за најдобри места за американските пензионери во 2026 година. Оваа година, Форбс направи и листа на најдобри места за американските пензионери во странство, на која беше вклучена и Црна Гора, како медитеранска земја со одлични плажи и разновидна клима, значително пониски трошоци за живот отколку во САД […] The post Црна Гора на листата на Форбс за најдобри места за американските пензионери во 2026 година appeared first on Република.
SvijetПолска го забрани капењето на Балтичкото Море поради присуство на бактеријата ешерихија коли
Полска го забрани капењето во седум одморалишта на Балтичкото Море поради присуство на бактеријата ешерихија коли. Пет од овие крајбрежни одморалишта се наоѓаат во Дарлово, а две во Гдањск, пренесува денеска полското радио „Зет“. Главниот санитарен инспекторат на својата веб-страница известува дека во Западнопоморското Војводство водата на пет капалишта во Дарлово е несоодветна за капење […] The post Полска го забрани капењето на Балтичкото Море поради присуство на бактеријата ешерихија коли appeared first on Република.
SvijetХороскоп за денес (3 август): Љубовни пресврти, нови можности и важни одлуки за сите знаци
Денешниот ден носи интересни можности, но и неколку предизвици за сите хороскопски знаци. Некои ќе добијат добра вест на работа, други ќе имаат шанса да ги подобрат љубовните односи, а трети ќе треба внимателно да ги планираат своите финансии. Овен Ќе бидете полни со енергија и подготвени за нови предизвици. На работа ве очекува можност да се истакнете, а во љубовта искрен разговор ќе ги расчисти недоразбирањата. Бик Фокусирајте се на финансиските обврски и избегнувајте непотребни трошоци. Партнерот ќе ја цени вашата поддршка, додека слободните Бикови би можеле да запознаат интересна личност. Близнаци Комуникацијата денес ќе биде вашето најсилно оружје. Искористете ја за да решите стари проблеми. Можно е да добиете интересна деловна понуда. Рак Емоциите ќе бидат изразени, но не дозволувајте да влијаат врз важните одлуки. Денот е поволен за семејни средби и за планирање на идните чекори. Лав Вашата харизма ќе биде во центарот на вниманието. Искористете ја за нови познанства или за напредок во кариерата. Внимавајте на заморот. Девица Денот е идеален за организација и завршување на обврските. Во љубовта не ги потиснувајте чувствата – искреноста ќе донесе позитивен исход. Вага Можно е да добиете интересна покана или понуда. Во љубовниот живот ве очекува пријатно изненадување, а…
SvijetСиријци запалија врата во загрепско прифатилиште оти не биле задоволни од сместувањето
Двајца државјани на Сирија, 22-годишен и 29-годишeн, се осомничени дека запалиле врата од соба во Прифатниот центар за баратели на меѓународна заштита во Нови Загреб, бидејќи биле незадоволни од сместувањето. Како што објави ПУ Загреб, станува збор за баратели на меѓународна заштита во Хрватска, а инцидентот се случил во петокот. Полицијата се сомнева дека осомничените […] The post Сиријци запалија врата во загрепско прифатилиште оти не биле задоволни од сместувањето appeared first on Република.
SvijetНов колапс на електроенергетската мрежа остави десет милиони Кубанци без струја
Кубанската национална електроенергетска мрежа доживеа колапс доцна синоќа, соопшти државната електроенергетска компанија наведувајќи дека околу 10 милиони жители на островската земја се во мрак. Компанијата „Union Electrica de Cuba“ не изнесе дополнителни детали во своите објави на социјалните мрежи. До најновиот прекин во снабдувањето дојде по три прекини на струја на ниво на целата земја во текот на јули во момент кога е во сила американската блокада за увоз на нафта и блокадата на застарената енергетска инфраструктура на Куба. Локалните медиуми јавуваат дека дури и во богатите населби на кубанската престолнина се чувствува непријатен мирис на расипана храна бидејќи ладилниците во малопродажните објекти не можат да издржат подолги периоди без струја, генераторите што одржуваат струја често откажуваат поради големото оптоварување, а гориво за нив во моментов е прилично тешко да се набави во Куба. Огромни купишта смет повторно се натрупани на градските улици бидејќи нема доволно гориво за камионите за ѓубре. Покрај прекинот на струја, луѓето имаат проблеми со водата и комуникацијата и речиси е невозможно да се добие одговор на пораките или дури само да се контактира со некого по телефон.
SvijetВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме омразата и песимизмот да станат национална идеологија
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порача дека нема да дозволи, како што наведуваат, омразата и песимизмот да станат „национална идеологија“, оценувајќи дека државата треба да продолжи по патот на економскиот развој, стабилноста и зачувувањето на националните интереси. Во соопштението се прави паралела меѓу историските борби за создавање на македонската држава и денешните предизвици, при што од партијата истакнуваат дека актуелната генерација политичари има обврска да изгради посилна, поправедна и економски поуспешна Македонија во која младите ќе ја гледаат својата иднина. ВМРО-ДПМНЕ упатува остри критики кон политичките противници, обвинувајќи ги дека, наместо да понудат идеи и програми, шират песимизам, дефетизам и омраза, како и дека се подготвени на, како што наведуваат, „нови предавства“ за да дојдат на власт. Од партијата нагласуваат дека нема да прифатат отстапки по националните и идентитетските прашања на евроинтегративниот пат и ги повикуваат граѓаните да не, како што велат, „паѓаат во замката“ на политичките пораки што создаваат недоверба и поделби. Во соопштението се наведува и дека борбата за иднината на младите, владеењето на правото, борбата против криминалот и создавањето подобри услови за живот остануваат меѓу главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата порачува дека ќе продолжи да се залага за, како што наведува, обединето и достоинствено општество во кое надежта ќе…
SvijetВо изминатото деноноќие 30 пожари, сите се изгаснати, само еден е под контрола
Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 30 пожари на отворен простор. Во моментот нема активни пожари, информира Центарот за управување со кризи. Според нивните информации, 29 пожари се изгаснати, а само еден е под контрола. Станува збор за пожарот меѓу селата Слатина и Грешница во општина Македонски Брод каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација.
SvijetИлјадници луѓе добија наредба за евакуација од американскиот град Спокен на кој му се закануваат шумски пожари
На илјадници луѓе им беше наредено да евакуираат делови од Спокен во источната американска сојузна држава Вашингтон, додека пожарникарите се борат со неколку шумски пожари. Властите вчера го издадоа предупредувањето за евакуација од највисок степен поради „тековна или непосредна“ закана, повикувајќи ги жителите веднаш да ги напуштат погодените области и да не се враќаат додека противпожарните екипи ја продолжуваат својата работа. Гувернерот на Вашингтон, Боб Фергусон, на Фејсбук изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за „страшната и опустошувачка“ ситуација во Спокен и ширум државата. Фергусон рече дека ќе работат заедно на понатамошните барања за федерална помош. „Оптимист сум дека ќе добиеме брзо одобрување за нашето барање за прогласување сојузна вонредна состојба“, додаде тој. Во последните денови избувнаа неколку пожари. Пожарот „Олд Траилс“, кој директно се граничи со Спокен, се прошири на околу 14 квадратни километри западно и северозападно од градот. Пожарникарите исто така се бореа и со помалиот пожар „Фервју“ на североисток, додека пожарот „Отом Лејн“ гореше на север во близина на реката Спокен, според непрофитната апликација за следење пожари „Watch Duty“. Националната временска служба соопшти дека се очекува ветровите да ослабат во текот на ноќта кон понеделник, но предупреди дека опасноста од нови и постоечки пожари останува…
Мароко демантираше вмешаност и ги посочи виновниците за мигрантската криза во Сеута
Мароканската влада ги посочи дезинформациите на социјалните мрежи како причинител и ги обвини мрежите за трговија со… The post Мароко демантираше вмешаност и ги посочи виновниците за мигрантската криза во Сеута appeared first on Fokus.mk.
SvijetСДСМ и ДУИ ја погазија Резолуцијата постигната во Собранието
Потребен е политички консензус за националните прашања, но опозицијата мора да се соочи со реалноста дека токму нејзините грешки и попустливост од минатото нè доведоа во оваа незавидна позиција, истакна министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во интервју за МИА. Тој потсети дека во јули 2021 година во Собранието со речиси целосна поддршка беше изгласана […] The post СДСМ и ДУИ ја погазија Резолуцијата постигната во Собранието appeared first on Република.
SvijetГрција четврт ден по ред се бори со огромен пожар во околината на Атина
Големиот пожар кој во петокот избувна во централна Грција сè уште не е ставен под контрола.Поволните временски услови и намалениот ветер овозможија денеска да продолжи операцијата за гаснење на пожарот од воздух по влерашниот инцидент во кој судрија два хеликоптера ангажирани да помогнат при што загинаа двајца членови на екипажот на едно од леталата. Во […]