Svijet5426 vijesti
SvijetАХВ ЗАПЛЕНИ ДВА ТОНИ НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА ВО ЧЕНТО
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Комуналната инспекција на Град Скопје и Државниот пазарен инспекторат, денес спроведе вонредна инспекциска контрола на зелениот пазар во скопската населба Ченто, при што запленети се околу два тони небезбедна храна од различен вид....
SvijetХороскопски знак кој не поднесува дожд и сиви облаци, расположението веднаш им се расипува
Додека некои уживаат во звукот на дождот, мирисот на свеж воздух и топлите пијалоци во куќата, за други недостатокот на сонце е исклучително тежок. Според астрологијата, еден хороскопски знак обожава светлина, топлина и ведро време, додека сивите облаци ги расипуваат сите негови планови и расположение за секунди. Променливото време не влијае подеднакво на сите луѓе. Додека некои едвај чекаат можност да се склопат со книга или омилен филм, има и такви кои претпочитаат да го поминат целиот ден на отворено, уживајќи во сончевите зраци и динамиката. Во астролошките кругови, Лавот се издвојува како знак кој не може да поднесе мрачно и дождливо време. Зошто Лавовите губат енергија штом сонцето ќе исчезне? Лавовите се широко познати по својата веселост, дружељубивост и желба секој ден да биде исполнет со возбудливи настани. Тие сакаат акција, излегување и ситуации каде што можат да уживаат во животот до максимум. Затоа, не е тешко да се замисли зошто продолжениот дожд и сивилото изгледаат како вистинска казна за нив. Според астрологијата, Лавот е управуван од Сонцето - симбол на виталност, топлина и чиста животна енергија. Токму затоа сончевите денови го извлекуваат најдоброто од нив, давајќи им сила да се дружат и да поминуваат време во природа. Кога…
АХВ: Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Комуналната инспекција на Град Скопје и Државниот пазарен инспекторат, денес спроведе вонредна инспекциска контрола на зелениот пазар во скопската населба Ченто, при што запленети се околу два тони небезбедна храна од различен вид. Контролата беше насочена кон проверка на условите под кои се продава храната, како и почитувањето на законските прописи за нејзино безбедно складирање и промет. При контролата било утврдено дека храната се продавала надвор од местата предвидени за таа намена во рамки на пазарот, во нехигиенски услови, со што се зголемува ризикот за нејзината безбедност и за здравјето на потрошувачите. Запленетата храна е отстранета од промет. Надлежните инспекциски служби ќе продолжат со преземање мерки во согласност со своите законски надлежности. Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на засилени инспекциски контроли, самостојно и во координација со другите надлежни институции, со цел заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување безбедна храна на пазарот. АХВ апелира до сите оператори со храна да ги почитуваат законските обврски и да обезбедат соодветни хигиенски услови при ракувањето, чувањето и продажбата на храната. Безбедноста на храната и заштитата на здравјето на потрошувачите остануваат приоритет во работењето на Агенцијата за храна и ветеринарство.
ПРАКСАТА КАКО ПРВ ЧЕКОР КОН КАРИЕРАТА: Голем интерес за саемот „Tech-mech 2026“
На Машинскиот факултет во Скопје денеска и утре се одржува традиционалниот Саем за пракса и вработување „Тech-mech 2026“, кој собра 18 водечки компании во земјава и голем број студенти од целиот инженерски кампус....
SvijetДрама во Црното Море: 11 морнари исчезнати по напад со дрон врз брод кај Бугарија
Единаесет морнари се водат како исчезнати по напад со беспилотно летало врз трговски брод во Црното Море, во близина на бугарскиот брег, соопштија бугарските власти. Инцидентот предизвика нови дипломатски тензии меѓу Софија и Москва, додека расте загриженоста за безбедноста на меѓународната пловидба. Според „Ројтерс“, бродот потонал по нападот на 13 октомври, а спасувачките служби започнале […]
SvijetЗНАМ предлага измени на Законот за семејството: Посвоените лица да можат да добијат информации за своето потекло
Пратеничката група на Движење ЗНАМ поднесе предлог за изменување и дополнување на членот 123-а од Законот за семејството, со кој се предлага да се овозможи посвоените лица да добијат одредени информации за своето потекло во законски утврдена постапка и под посебни услови. Од партијата велат дека целта е да се... Текстот ЗНАМ предлага измени на Законот за семејството: Посвоените лица да можат да добијат информации за своето потекло е превземен од А1он.
SvijetЃорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ-Адамс се ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „23 ОКТОМВРИ
Актерот Ѓорѓи Јолевски е добитник на државната награда „23 Октомври“ за остварување во областа на културата и уметноста....
SvijetМицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
Европската Унија останува стратешка цел на државата и во тој поглед нема никакво поместување, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Арбана Пашоли од Европскиот фронт за стратегијата на Владата за деблокирање на евроинтегративниот процес и отворањето на преговарачките поглавја. -Европската Унија останува наша стратешка цел и тука нема поместување ниту милиметар. Ние сакаме тој процес, како што сме кажале многупати во минатото, да го почнеме и да го завршиме, не само да го почнеме. Гледате како се менува постепено реториката во Парламентот од седница во седница, од месец во месец, од година во година, кога и самите вие велевте дека ова е решение за членство, сега велите дека е решение за почеток на преговори, што е точно, ова е решение за почеток на преговори - истакна Мицкоски. Тој нагласи дека Владата води дијалог со Бугарија и понуди опозицијата да биде директно вклучена во процесот. -Во овој дијалог во којшто го водиме со Бугарија, апсолутно, еве вие како здружена опозиција на неколку политички партии, предложете претставници да бидат дел од тимот којшто ќе го води тој дијалог со нашиот источен сосед. Ние апсолутно тоа ќе го почитуваме - нагласи премиерот. Во одговорот тој оцени дека актуелната состојба…
SvijetКалимармаро – мермерниот стадион во срцето на Атина кој ги спојува античката и современата историја
Во Мексико имаме многу стадиони, но ваков, мермерен, досега немаме видено и навистина ова е нешто многу невообичаено и секако прекрасно, велат за МИА три мексикански туристки додека се фотографираат на подиумот за победници на античкиот стадион „Панатенаик“ во Атина, а токму овој став на туристките веројатно најдобро и во една реченица го опишува мермерниот […] The post Калимармаро – мермерниот стадион во срцето на Атина кој ги спојува античката и современата историја appeared first on Република.
SvijetМинчев: ПОМАЛКУ ЧЕКАЊЕ И ПОДОБРИ УСЛУГИ ЗА ГРАЃАНИТЕ
Помалку чекање, без непотребно собирање документи и без препраќање од шалтер на шалтер. Тоа е јавната администрација што им е потребна на граѓаните и кон која мора да се движи секоја институционална реформа....
SvijetОдбраната на Груби се оградува од пречекот, собирот бил спонтан, тие не биле инволвирани
Со извинување до граѓаните и оградување од синоќешниот собир во Чаир, одбраната на Артан Груби реагираше на пречекот на поранешниот вицепремиер пред неговиот дом, откако судот му ја укина мерката куќен притвор. Груби беше пречекан со факели и чадни бомби, а адвокатите тврдат дека собирот бил спонтан и дека тој... Текстот Одбраната на Груби се оградува од пречекот, собирот бил спонтан, тие не биле инволвирани е превземен од А1он.
SvijetФУЕН бара поддршка од МАЕИ за спроведување на Резолуцијата за македонското национално малцинство во Албанија
Федералната унија на европските националности (ФУЕН) упати официјално писмо до претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во врска со неодамна усвоената Резолуција за македонското национално малцинство во Република Албанија. Резолуцијата, која беше поднесена од Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, беше усвоена на Собранието на делегати на ФУЕН за време на годишниот Конгрес одржан на 19 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. Во своето обраќање, претседателката на ФУЕН, Оливија Шуберт, истакна дека организацијата — која ги претставува автохтоните национални малцинства во Европа и ги застапува нивните права пред ОН, Советот на Европа, ЕУ и ОБСЕ — бара поддршка од МАЕИ за ефективна имплементација на усвоената резолуција. Со оваа резолуција, од албанските власти официјално се бара Владата на Република Албанија да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици, да им овозможи на припадниците на македонското малцинство слободно да се изјаснуваат и да преземе ефективни мерки против какви било надворешни политички притисоци насочени кон негирање или асимилација на македонскиот идентитет. Покрај тоа, се бара Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на новата реформа да не претрпи територијални промени, односно да не се спојува со други општин. Во одговорот до…