Svijet5537 vijesti
SvijetМицкоски: Коридорот 8 станува реалност по три децении ветувања
Изминатите две години напорна работа го искристализираа, го оптимизираа и го направија појасен овој проект што претходно подразбираше дека треба да завршиме на половина тунел и без да имаме јасно предвидување од страна на нашиот источен сосед дека ќе имаме модернизација на секцијата што ја поврзува границата со нас и Софија, вклучително и другата половина на тунелот. Да, требаше време. Требаше да се постигне напредок во разгов...
SvijetОколу 4900 помалку запишани првачиња од лани, едносменска настава воведена во над 200 училишта
Во учебната 2026/2027 година ќе има помалку ученици. Бројот не е конечен затоа што претстои трет упис во средно, каде што намалувањето не е драстично како во основните училишта. Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека значително помалку основци ќе следат настава од септември затоа што за разлика од лани, годинава се запишале околу 4900 помалку првачиња. -Бројот не е дефинитивен затоа што уште ќе се запишуваат, дел од нив не се пријавени. Се надевам дека малку ќе опадне таа бројка, која е страшно голема во однос на демографијата. Жал ми е што го кажувам тој факт, го има објавено и Статистика, тоа се најновите податоци – околу 4900 првачиња помалку оваа година отколку лани. Колку и да се запишат, ќе бидеме со најмалку 3000 првачиња помалку. Тој тренд го очекуваме и следната година, што е поразително за оваа земја. За Владата е тоа загрижувачки елемент и постојано велиме дека треба да обрнеме особено внимание. Ние како МОН правиме сè за да ги подобриме условите за да ги задржиме во земјата, рече Јаневска на прес-конференција на која беа соопштени резултатите од државната матура. Одговарајќи на новинарски прашања министерката соопшти и дека едносменска настава е воведена во над 200…
SvijetНа Бујар Османи сега му пречи што на аеродромот во Скопје не пишува на албански јазик
Кандидатот за градоначалник на Чаир Бујар Османи реагираше што на аеродромот во Скопје на таблата на која стои „Добредојдовте во Република Македонија“ нема натпис и на албански јазик The Albanian language has been removed from the official welcome sign at North Macedonia’s border.The latest census recorded Albanians at 29.5% of the population. The Constitution and […] The post На Бујар Османи сега му пречи што на аеродромот во Скопје не пишува на албански јазик appeared first on Република.
SvijetДоживотен затвор за Авганистанец кој лани со автомобил намерно усмрти мајка и дете и повреди повеќе лица во Минхен
Авганистанецот Фархад Н. (25) денеска е осуден на доживотна казна затвор затоа што со автомобил упаднал меѓу мирни синдикални демонстрации во Минхен во февруари 2025 година, при што загинаа мајка и нејзиното двегодишно дете, јави ДПА. Високиот регионален суд во Минхен, кој ја објави пресудата, донесе пресуда за особено тешка вина, што значи дека веројатно нема да може да биде ослободен од затвор со условна казна по 15 години, што е вообичаено во Германија. „Мора јасно да се каже дека делото имаше за цел да уништи човечки животи“, рече еден од двајцата претставници на канцеларијата на генералниот обвинител во својот завршен збор. Мајката и нејзиното дете беа тешко повредени во удирањето со автомобил и починаа кратко потоа, потсетува германската агенција. Бројни други лица беа повредени, некои од нив критично. Многумина сè уште страдаат сериозно, физички или психолошки, од последиците од нападот, а некои се неспособни за работа. Советот го осуди обвинетиот, меѓу другото, по две точки од обвинението за убиство и обид за убиство во 23 случаи. Судската пресуда се совпадна со барањата на обвинителите, додека одбраната се залагаше за 15-годишна затворска казна и сместување во психијатриска нега. Адвокатите на одбраната рекоа дека нивниот клиент покажувал јасни знаци на подтип…
Човекот кој стана симбол на Неапол: ТРАГЕДИЈАТА И НАДЕЖТА ЗАД ТЕТОВАЖАТА „TUTTO PASSA“
На една од плажите во Неапол со години веќе може да се види 82-годишниот Антонио Вентре, човек кој сосема случајно стана една од најпрепознатливите локални атракции. Неговите фотографии го обиколија светот, му пишуваше дури и холивудскиот актер Бред Пит, а денес бројни туристи доаѓаат во градот надевајќи се дека ќе го сретнат и ќе се фотографираат со него. Антонио признава дека популарноста понекогаш му станува напорна....
SvijetГраѓани загрижени од најавеното поврзување со подземната улица на „Лимак“: Длабокиот ископ ќе ја загрози нашата зграда
Најавената изградба на втората фаза од булеварот „Македонија“ ги загрижи станарите на станбениот комплекс лоциран на улица „Антон Попов“ број 1, кои стравуваат дека при реализацијата на проектот ќе биде оневозможен приодот до зградата за автомобили и возила на итни служби. Но, пред сѐ, тие ги прашуваат надлежните дали постои опасност ископот што ќе се … Граѓани загрижени од најавеното поврзување со подземната улица на „Лимак“: Длабокиот ископ ќе ја загрози нашата зграда Read More » The post Граѓани загрижени од најавеното поврзување со подземната улица на „Лимак“: Длабокиот ископ ќе ја загрози нашата зграда appeared first on Слободен печат.
SvijetФатени 226 препишувачи, ќе полагаат повторно во август
Просечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три типа матура – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура, кои првпат се воведени оваа година. Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска […] The post Фатени 226 препишувачи, ќе полагаат повторно во август appeared first on Република.
SvijetСело Морани утре ќе остане без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 07.08.2026 година (петок) поради дефект на затворач од ф - 100 мм на ул. 1 б.б во село Морани кај кружниот тек, без вода ќе останат корисниците од село Морани. Прекинот на водоснабдувањето ќе трае во периодот од 08:00 часот, па се до отстранување на дефектот во општина Студеничани.
SvijetMуртино се крена за црвени пиперки
Голем број на земјоделци денес се собраа на протест во струмичко Муртино, објави порталот Дрнка.МК. Велат дека за нив откупната цена од 25 денари за килограм црвена пиперка е неприфатлива и бараат помош од државата. The post Mуртино се крена за црвени пиперки appeared first on Република.
SvijetМуцунски за „Политико“: Идејата за уставни измени стана политички токсична
Шефот на дипломатијата смета дека земјава станала „студија на случај“ за тоа како билатералните спорови можат да... The post Муцунски за „Политико“: Идејата за уставни измени стана политички токсична appeared first on 360 степени.
SvijetРегистрирани осум пожари на отворено: Пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани до 13:00 часот, од кои два се активни, еден е под контрола, а пет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај селото Грешница, м.в. Стојанова Населба, каде гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки и во Општина Гостивар кај селото Падалиште каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума. Под контрола е ставен пожарот во Општина Делчево кај Депонија Делчево, каде гореше депонија. Како што информира ЦУК, изгаснати се пет пожари во Општина Струга кај с. Долна Белица каде гореше дива депонија, во Општина Босилово кај с. Моноспитово - гореше ниска вегетација, во Општина Валандово кај с. Севенендекли - гореше мешана шума, во Општина Гевгелија помеѓу селата Селемли и Стојаково - дива депонија и во Општина Гази Баба покрај пругата во Маџари, каде гореше ниска вегетација.
SvijetВодата од водоводот во Куманово е исправна
Водата за пиење од јавниот водовод во Куманово континуирано е здравствено исправна и безбедна за употреба, покажуваат резултатите од редовниот мониторинг што го спроведува Центарот за јавно здравје Куманово во соработка со ЈП „Водовод“ – Куманово. Раководителката на Отсекот за здравствено-хигиенски прегледи, училишна хигиена и исхрана при Центарот за јавно здравје Куманово, д-р Блерта Шахини Азизи, специјалист по хигиена и здравствена екологија, информира дека мострите од водата се земаат еднаш неделно, секој понеделник, согласно утврдениот план за мониторинг. Во текот на годината се анализираат вкупно 130 мостри од различни локации кои ја опфаќаат целата територија на Куманово, со цел да се добие репрезентативен увид во квалитетот на водата за пиење. -Досегашните лабораториски анализи покажуваат дека сите испитани мостри ги исполнуваат пропишаните услови и се во согласност со законските и санитарно-хигиенските стандарди. Во рамки на испитувањата редовно се следи и нивото на резидуален хлор, кој е еден од најважните показатели за безбедноста на водата за пиење. Анализите покажуваат дека најниските измерени вредности на резидуалниот хлор изнесувале 0,3, 0,44 и 0,47 милиграми на литар, што, укажува на континуирано и соодветно ниво на дезинфекција на водата- вели докторка Шахини Азизи. Врз основа на добиените резултати, од Центарот за јавно здравје Куманово оценуваат дека…