Околу 4900 помалку запишани првачиња од лани, едносменска настава воведена во над 200 училишта

Во учебната 2026/2027 година ќе има помалку ученици. Бројот не е конечен затоа што претстои трет упис во средно, каде што намалувањето не е драстично како во основните училишта. Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека значително помалку основци ќе следат настава од септември затоа што за разлика од лани, годинава се запишале околу 4900 помалку првачиња. -Бројот не е дефинитивен затоа што уште ќе се запишуваат, дел од нив не се пријавени. Се надевам дека малку ќе опадне таа бројка, која е страшно голема во однос на демографијата. Жал ми е што го кажувам тој факт, го има објавено и Статистика, тоа се најновите податоци – околу 4900 првачиња помалку оваа година отколку лани. Колку и да се запишат, ќе бидеме со најмалку 3000 првачиња помалку. Тој тренд го очекуваме и следната година, што е поразително за оваа земја. За Владата е тоа загрижувачки елемент и постојано велиме дека треба да обрнеме особено внимание. Ние како МОН правиме сè за да ги подобриме условите за да ги задржиме во земјата, рече Јаневска на прес-конференција на која беа соопштени резултатите од државната матура. Одговарајќи на новинарски прашања министерката соопшти и дека едносменска настава е воведена во над 200…
Povezane vijesti

Не секоја тага е депресија, но не мора да живееме со страдање што сме го прифатиле како дел од себе

Сè повеќе луѓе избираат да одат на одмор сами
