Sport1276 vijesti
SportКузманоски: Како дебитанти имаме голем успех!
Селекторот на кадетската ракометна репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, не го криеше задоволството по победата над Фарски Острови на ЕП и пласманот во ТОП-12 кој донесе место на следниот Мундијал. Кузмановски истакна дека ова е голем успех, затоа што Македонија е дебитант на овој настан и им честита на играчите за постигнатото. „Честитки за играчите, се бореа иако е овој петти меч физички и карактерно покажаа дека можеме. Е, сега, Фарски Острови е извонредна селекција кој има ист систем како А-селекцијата. Бевме спремни за нивниот главен играч Скипаготу, го затворивме, стоевме добро во одбрана. Во вториот дел црвениот картон на Николовски не разниша малку, па и нашиот среден играч Георгиевски имаше црвен картон,. Презеде одговорност Трајче Костов, кој со пукнат прст играше овој меч и го даде последниот гол. Среќен сум затоа што први 12 на едно Европско првенство како дебитанти од почеток е голем успех и се надевам дека нема тука да застанеме, имаме уште два меча и ќе го бркаме тоа деветто место.“, изјави Кузманоски. Следниот меч на Македонија на евро-шампионатот е против Португалците.
SportСтојановски: Го направивме првиот чекор, сега целосно сме фокусирани на Исланд
Македонската кадетска кошаркарска репрезентација со убедлива победа над Кипар го отвори настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, а селекторот Дејан Стојановски беше задоволен од пристапот и енергијата што ја прикажаа неговите избраници. Сепак, потенцираше дека има простор за напредок, особено во контролата на топката, и дека тимот веќе ги насочува подготовките кон вториот натпревар … Стојановски: Го направивме првиот чекор, сега целосно сме фокусирани на Исланд Read More » The post Стојановски: Го направивме првиот чекор, сега целосно сме фокусирани на Исланд appeared first on Слободен печат.
SportХибернијан среќно до победа, Шкендија има активен резултат за плејоф во Конференциската лига
Денеска во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, фудбалерите на Шкендија на гостувањето во Единбург загубија со 2:1 од Хибернијан. Активен резултат за играчите на тренерот Артим Положани пред реваншот кој е закажан за 13 август од 20.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. На вечерашниот дуел домаќините … Хибернијан среќно до победа, Шкендија има активен резултат за плејоф во Конференциската лига Read More » The post Хибернијан среќно до победа, Шкендија има активен резултат за плејоф во Конференциската лига appeared first on Слободен печат.
SportШкендија минимално поразена од Хибернијан во првиот меч од КЛ
Хиберниан – Шкендија 2:1 е резултат од првиот меч во 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Марко Ѓорѓиевски беше стрелец за Шкендија за 1:1, а головите за домашните беа дело на Елидинг и О`Хора. Па така патникот во плеј-офот ќе се решава на реваншот во Скопје следниот четврток. Хибернијан беше подобар противник во првиот дел, односно Шкендија немаше ниту една посериозн прилика. Две полушанси за шкотскиот тим, а најсериозната ја имаше Кер кој со глава се обиде крај голот на Рамани. Имаше обид и Чаива кој заврши крај голот. Шкендија заигра многу подобро на стартот од вториот дел. Тргна похрабро кон голот на Шкотите, Тамба имаше неколку добри продори, меѓутоа без ефект. Во миговите кога беше „затишје“, Хибернијан стигна до предност. Акција по левата страна, асистенција на Рајт до Елдинг кој ја смести топката во мрежата на Рамани во 73. минута. Три минути подоцна, нововлезениот Марко Ѓорѓиевски успеа да погоди во мрежата на домаќинот. Играчот на Шкендија од десната страна проби, и шутираше прецизно во голот на Салингер. Хибернијан до нова предност во 90. минута. Нафрлена топка од корнер, најпрво Кер со глава погоди во стативата, и топката несреќно се одби до О’Хора кој ја спроведе во мрежата.
SportОфицијално: Легендарниот Диего Форлан е нов селектор на Уругвај(ФОТО)
ФОТО:x.com/Uruguay Поранешниот уругвајски напаѓач и фудбалска легенда Диего Форлан е назначен за главен тренер на националниот тим по катастрофалната кампања на Светското првенство. Уругвајската фудбалска асоцијација (AUF) ја објави ве
SportВинисиус официјално во Реал Мадрид до 2032 година
Реал Мадрид официјално го објави продолжувањето на договорот со – Винисиус Жуниор. Бразилскиот напаѓач се обврза кон клубот на долгорочна основа, со својот нов договор до 30 јуни 2032 година, објавија шпанските гиганти. Во своите осум сезони со белиот дрес, Бразилецот одигра 375 натпревари, постигнувајќи 128 голови.
SportAна Ивановиќ ужива во животот за сите пари
Поранешната српска тенисерка сподели слики од својот одмор, а моментот во кој таа гледа во камерата со насмевка и испраќа бакнеж привлече посебно внимание. Токму овој гест стана главна тема на Инстаграм, па коментарите и реакциите следеа со голема брзина. Ана е многу активна на социјалните мрежи во последните недели, каде што споделува детали од […] The post Aна Ивановиќ ужива во животот за сите пари appeared first on Република.
SportКошаркарските кадети одлично го отворија ЕП
Машката кадетска репрезентација на Македонија со убедлива победа го започна настапот на ЕП од Б-дивизијата, кое се одржува во Гевгелија и Скопје. Избраниците на селекторот Дејан Стојановски ја совладаа селекцијата на Кипар со 82-63 и на најдобар можен начин го отворија шампионатот. Најефикасен беше Дион Шабани, кој одигра извонреден натпревар и запиша дабл-дабл учинок од 37 поени и 10 скока. Одлична поддршка доби од Александар Зунзуровски, кој постигна 23 поени, четири скока и две асистенции, додека Анѓеловски натпреварот го заврши со осум поени, седум скока и дури десет асистенции. Македонската репрезентација веќе утре ја очекува нов предизвик. Во рамките на второто коло од Б-дивизијата, нашите кадети од 18:30 часот во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија ќе се сретнат со селекцијата на Исланд
SportМудрик се врати во Челзи по една година, дали ќе заигра?
По 615 дена, Михајло Мудрик конечно се врати на теренот. Ќе видиме што планира Челзи со него, со оглед на тоа што долго време не играше поради суспензија поради допинг.. Toj беше донесен како големо засилување од Украина но со игрите разочара. Сега клубот е во дилема дали да му пружи уште една шанса или […] The post Мудрик се врати во Челзи по една година, дали ќе заигра? appeared first on Република.
SportВИДЕО | Гент славеше минимално на гостувањето кај Гетеборг во Конференциската лига
Во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА фудбалерите на Гент триумфираа со 1:0 на гости против шведскиот Гетеборг. Единствениот гол за белгиската екипа го постигна интернационалецот од Брегот на Слоновата коска, Хиларион Гооре во 45 минута од средбата во Гетеборг. Статистички Гетеборг имаше нешто повеќе посед на топката (57-43%), и … ВИДЕО | Гент славеше минимално на гостувањето кај Гетеборг во Конференциската лига Read More » The post ВИДЕО | Гент славеше минимално на гостувањето кај Гетеборг во Конференциската лига appeared first on Слободен печат.
SportПресврт: Винисиус останува во Реал?
удбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, ќе потпише нов договор со мадридскиот клуб, објави новинарот Рамон Алварез де Мон. Според Де Мон, страните се согласиле да го продолжат договорот на 26-годишниот Бразилец. Неговиот тековен договор истекува во летото 2027 година. Претходно беше објавено дека Винисиус ја одбил понудата на Реал Мадрид за нов договор вреден […] The post Пресврт: Винисиус останува во Реал? appeared first on Република.
SportДедото на Ноле: Јас сум Хрват по националност
Зденко Жагар, дедото на Новак Ѓоковиќ вели дека е роден во Винковци и дека е Хрват по националност. Неговата сопруга родена во истиот град, а тие се запознале додека двајцата биле поврзани со воената служба. Како што објасни откако се вработил во Белград, се преселил во главниот град, додека неговата идна сопруга му се придружила […] The post Дедото на Ноле: Јас сум Хрват по националност appeared first on Република.