klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Кузманоски: Како дебитанти имаме голем успех!

Кузманоски: Како дебитанти имаме голем успех!
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·07. 08. 2026. 04:35:38

Селекторот на кадетската ракометна репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, не го криеше задоволството по победата над Фарски Острови на ЕП и пласманот во ТОП-12 кој донесе место на следниот Мундијал. Кузмановски истакна дека ова е голем успех, затоа што Македонија е дебитант на овој настан и им честита на играчите за постигнатото. „Честитки за играчите, се бореа иако е овој петти меч физички и карактерно покажаа дека можеме. Е, сега, Фарски Острови е извонредна селекција кој има ист систем како А-селекцијата. Бевме спремни за нивниот главен играч Скипаготу, го затворивме, стоевме добро во одбрана. Во вториот дел црвениот картон на Николовски не разниша малку, па и нашиот среден играч Георгиевски имаше црвен картон,. Презеде одговорност Трајче Костов, кој со пукнат прст играше овој меч и го даде последниот гол. Среќен сум затоа што први 12 на едно Европско првенство како дебитанти од почеток е голем успех и се надевам дека нема тука да застанеме, имаме уште два меча и ќе го бркаме тоа деветто место.“, изјави Кузманоски. Следниот меч на Македонија на евро-шампионатот е против Португалците.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti