Sport2531 vijesti
Ања Начевска ќе игра во женската НЦАА лига
Една од најталентираните македонски кошаркарки, Ања Начевска, ќе ја продолжи кариерата во СAД. Таа ќе настапува во женската НЦАА лига и ќе игра за Универзитетот Хемптон. Начевска е голем потенцијал на македонската кошарка. Во својата кариера таа тргна преку Вардар каде што од младинските категории стигна до сениорскиот тим. Потоа Македонката се пресели во српскиот […]
SportРио: Англија ќе го освои Свeтското Првенство
Поранешниот англиски дефанзивец, Рио Фердинанд, верува дека англиската репрезентација е подготвена да го освои тековното СП. Англија ќе се соочи со Аргентина во полуфиналето, кое ќе се одржи во среда во Атланта. „Мислам дека сме подготвени за светската титула, да, верувам дека е така. Кога работите ќе се отежнат и ќе тргнат наопаку, Англија е добра во наоѓање решенија. Тоа е како составување сложувалка – покажавме дека можеме да го пронајдеме вистинското парче во вистинско време. Мислам дека тоа е една од нашите предности во однос на другите тимови. Аргентина го направи тоа неколку пати, но мислам дека тие беа поблиску до елиминација од нас“, рече Фердинанд.
SportИбрахимовиќ за Мадуеке: Дури и кабелот од камерата одигра подобар натпревар од него
Златан Ибрахимовиќ во свој стил, шведската легенда се пошегува дека дури и кабелот од „спајдер“ камерата имал подобар настап од крилниот напаѓач на Арсенал. " Паузата за освежување малку ја смени динамиката бидејќи Џуд Белингам беше најактивниот фудбалер на Англија. Но, мислам дека Англија играше со играч помалку додека Мадуеке беше на теренот. Секојпат кога ќе ја добиеше топката носеше погрешна одлука и само се шеташе по теренот“, изјави Ибрахимовиќ за „Фокс Спортс“. Ниту паузата за освежување не му помогна. Англија практично го почна натпреварот со играч помалку. А ако топката навистина го допрела кабелот, тогаш тој кабел сигурно одигра подобар натпревар од Мадуеке“, додаде Швеѓанецот. Ибрахимовиќ беше убеден дека Мадуеке не придонел ништо за играта и уште за време на паузата повика на негова замена. „Да бев јас Тухел, ќе го заменев бидејќи во првите 45 минути не направи апсолутно ништо“, порача Ибрахимовиќ.
SportИнфантино: СП во иднина може да брои 64 репрезентации
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, најави дека Светското првенство во иднина би можело повторно да биде проширено, со можност на најголемата фудбалска сцена да настапуваат дури 64 национални тимови. Првиот човек на светската фудбалска организација откри дека идејата за дополнително зголемување на бројот на учесници „дефинитивно“ треба да биде разгледана по завршувањето на актуелниот Мундијал. Според Инфантино, проширувањето на 64 репрезентации не би значело дополнително оптоварување за тимовите, бидејќи би можел да се врати системот во кој само првите две селекции од секоја група би обезбедувале пласман во следната фаза. Во таков случај би имало 16 групи со по четири репрезентации. „Целиот свет треба да има можност да сонува за настап на Светското првенство, а не само Европа и Јужна Америка“, изјави Инфантино за швајцарскиот медиум „Блу Спорт“. И покрај претходните критики дека зголемувањето на бројот на учесници може да го намали квалитетот на турнирот, Инфантино смета дека актуелниот формат е успешен. " Проширувањето е огромен успех. Може да се види дека квалитетот на репрезентациите е исклучително висок и дека постојано расте низ целиот свет“, порача претседателот на ФИФА. Поради новиот формат, Светското првенство во 2026 година има рекордни 104 натпревари кои се играат во период од пет недели. Доколку…
SportЈаник Синер ја одбрани титулата на Вимблдон
Во машкото финале на Вимблдон, италијанскиот тенисер Јаник Синер на Централниот терен го победи вториот носител, Александер Зверев со 3:1, во сетови 6-7, 7-6, 6-3, 6-4 за три часа и 47 минути игра. Синер со тоа ја освои својата втора титула во Лондон, а петта вкупно на грен слем турнирите во својата кариера, откако претходно двапати го освои Австралија опен и по еднаш САД опен и Вимблдон. Ова беше седмо грен слем финале за Синер и петта победа (поразен во 2025 година на САД опен и Ролан Гарос), додека Зверев го забележа својот четврти пораз во своето петто финале, прво на Вимблдон (САД опен, Австралија опен и Ролан Гарос). Воедно, тоа беше 10 победа во низа за Италијанецот против германскиот тенисер.
SportНа 100 натпревари имаше над 6,5 милиони навивачи на стадионите на Мундијалот
На два дена сме од полуфиналните натпревари на Светското фудбалско првенство, во трката за титулата останаа четири репрезентации: Франција – Шпанија и Аргентина – Англија. Меѓународната фудбалска федерација, ФИФА, уште еднаш се пофали со неверојатната посетеност на стадионите за време на Мундијалот. Досега се одиграни точно 100 натпревари, а четирите клучни се пред нас – … На 100 натпревари имаше над 6,5 милиони навивачи на стадионите на Мундијалот Read More » The post На 100 натпревари имаше над 6,5 милиони навивачи на стадионите на Мундијалот appeared first on Слободен печат.
SportРеал Мадрид постави нов историски рекорд на Светското првенство
Шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид можеби немаше успешна сезона, но нивните играчи испишаа историја на Светското првенство. И покрај фактот дека ниту еден шпански играч од „Кралскиот клуб“ не игра на Светското првенство, странците на Реал доминираат. Џуд Белингам ги предводеше Англичаните до полуфиналето во неделата, а Мбапе веќе е таму со Французите. Двајцата постигнаа … Реал Мадрид постави нов историски рекорд на Светското првенство Read More » The post Реал Мадрид постави нов историски рекорд на Светското првенство appeared first on Слободен печат.
SportАстон Вила „крена раце“ од Мартинез, ќе го купува Сузуки
фото: Le 12e Analyste @ResiliencePSG (X) Новинарот Екрем Конур денеска објави дека екипата на Астон Вила се подготвува за разделба со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез. Според Конур, англискиот клуб засилено работ
SportРио: Подготвени сме, Англија ќе го освои Светското првенство!
Поранешниот англиски дефанзивец, Рио Фердинанд, верува дека англиската репрезентација е подготвена да го освои тековното Светско првенство. Англија ќе се соочи со Аргентина во полуфиналето, кое ќе се одржи во среда во Атланта. „Мислам
SportШвајцарија како осмопласирана на Мундијалот доаѓа во Скопје на мечот од Лигата на нации
Испаѓањето на Швајцарија во четвртфиналето на Светското првенство можеби сè уште не го прифаќа селекторот Мурат Јакин, но Швајцарците го оценија нивниот настап до осминафиналето како успех. Јакин, претседателот на Швајцарската фудбалска асоцијација, Петер Кнебел, и директорот на репрезентацијата, Пјерлуиџи Тами, го поздравија нивниот напредок до четвртфиналето, каде што загубија со 3:1 од Аргентина во … Швајцарија како осмопласирана на Мундијалот доаѓа во Скопје на мечот од Лигата на нации Read More » The post Швајцарија како осмопласирана на Мундијалот доаѓа во Скопје на мечот од Лигата на нации appeared first on Слободен печат.
SportДвата гола на Белингам му донесоа на Реал Мадрид историски рекорд на светските првенства
Двата гола на англискиот репрезентативец Џуд Белингам против Норвешка му овозможија на Реал Мадрид да сруши историски рекорд на Светските првенства. Двата гола на Белингам го зголемија бројот на голови постигнати од играчите на Реал Мадрид на турнирот на 19, надминувајќи го досегашниот рекорд од 18, кој го држеа унгарски Хонвед од 1954 година, германски […] The post Двата гола на Белингам му донесоа на Реал Мадрид историски рекорд на светските првенства appeared first on Република.
SportФудбалерите на Реал (М) постигнаа рекорден број голови на Мундијалот!
фото: FIFA World Cup Stats (X) Реал Мадрид постави нов рекорд во историјата на Светските првенства по бројот на постигнати голови од играчи од еден клуб. Во четвртфиналниот натпревар од Светското првенство во 2026 година, англискиот иг